Кошаркарите на МЗТ Скопје ја продолжија домонацијата во домашното кошаркарско првенство. откако во четвртиот меч од финалната серија ја забележаа третата победа над ТФТ.
МЗТ Скопје до 12. титула во клупската историја, шеста во низа, го победи ТФТ со 77:53. Од 12. титули на екипата од Аеродром, 10 освои капитенот Дамјан Стојановски.
Четвртиот натпревар од финалната серија кошаркарите на МЗТ го решија во првото полувреме. Првиот период го добија со 23:12, а вториот со 21:14.
Војдан Стојановски беше најефикасен со 17 поени, два помалку постигна Едвин, кој беше прогласен за МВП на финалната серија.