Во голема меѓународна операција, албанското Специјално обвинителство (СПАК), во тесна координација со финските власти, урна неколку моќни криминални мрежи вмешани во трговија со дрога низ цела Европа!
Запленети се 170 килограми амфетамин, 10 килограми кокаин и 100 килограми марихуана, а најголемите нарко-боси биле управувани директно од Албанија, открија финските истражители.
Шефот на СПАК, Алтин Думани, гордо ја објави успешната акција: „Ги погодивме во срцето! Ова е резултат на две години интензивна работа и беспрекорна соработка со Финска.“
Финскиот комесар откри дека акцијата резултирала со апсење на 55 лица и разоткривање на тешко организирана нарко-мрежа која работела со Шпанија, Холандија и скандинавските земји.
Оваа акција, според европските истражители, е силен удар врз албанската мафија и доказ дека заедничката меѓународна акција може да донесе вистинска правда.