Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Андоновски: До 2035 година Македонија целосно дигитализирана
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Андоновски: До 2035 година Македонија целосно дигитализирана
МАКЕДОНИЈА

Андоновски: До 2035 година Македонија целосно дигитализирана

Објавено June 4, 2025 11:19
Сподели
Сподели

Се движиме кон дигитално општество, но не смееме да бидеме следбеници на трендовите, туку треба да ги креираме заедно со развиените држави. Ова прашање не познава граници, секоја земја, дури и најмалата, ако има добар ИТ потенцијал кај кадарот и добри навики кај граѓаните, како и ако гради дигитална инфраструктура, може да прави квантни чекори напред, изјави денеска министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски пред почетокот на конференцијата што ја организира Блумберг Адриа.

Андоновски ја гледа Македонија целосно дигитализирани во 2030 -2035 година. Тоа, напомена, е стратегијата на Владата.

Нашата стратегија е се што е процес во позадина во јавната администрација да биде дигитализиран за да понуди добри услови за водење бизнис, за раст на економијата и за благосостојбата на граѓаните, потенцира Андоновски.

Според него, последните податоци покажуваат дека растот на ИКТ индустријата од над 4,4 отсто е еден од клучните во зголемувањето на БДП.

На тој начин треба да размислуваме. Ова е нашиот потенцијал, нашата компаративна предност во однос на другите држави. Немаме големи минерали ресурси, не сме голема територија, немаме многу население, но компаративно сме подобри во ИТ индустријата и тоа треба максимално да го искористиме, нагласи министерот.

Фокус на конференцијата е трендот на потрошувачите, а присуствуваат претставници од бизнисот, стопанските комори, јавните институции, науката и аналитичари.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вајц го повлече денешното гласање за нацрт извештајот за Македонија
Следна Статија ДУИ: Албанците никогаш нема да ја прифатат оваа фарса

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Данела Арсовска, нејзината неспособност и коалицијата со СДС и ДУИ ќе го остават Скопје повторно без јавен превоз

ВМРО-ДПМНЕ упатува сериозни обвинувања на сметка на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, како и нејзината коалиција со СДСМ и ДУИ.…

September 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Претседателката Сиљановска Давкова ги додели стипендиите „Борис Трајковски“ за академската 2024/2025 година

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги додели стипендиите „Борис Трајковски“ за академската 2024/2025 година на 20 најдобри студенти кои своето…

November 4, 2024
МАКЕДОНИЈА

Земјотрес регистриран во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет…

January 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мисајловски: Нова сила и иднина на Армијата, свечена заклетва на 300 новопримени професионални војници

300 новопримени професионални војници на македонската Армија денеска дадоа свечена заклетва во велешката касарна „Алексо Демниевски Бауман“. Министерство за одбрана…

January 16, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?