Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ратко Младиќ бара привремено ослободување од затвор поради тешка болест
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Ратко Младиќ бара привремено ослободување од затвор поради тешка болест
БАЛКАН

Ратко Младиќ бара привремено ослободување од затвор поради тешка болест

Објавено June 4, 2025 15:28
Сподели
Сподели

Поранешниот воен лидер на босанските Срби, Ратко Младиќ, преку својот адвокат, побара привремено ослободување од затвор поради влошена здравствена состојба, јави Радио Слободна Европа, повикувајќи се на соопштение од Меѓународниот резидуален механизам за кривичните судови во Хаг.

Во барањето се наведува дека медицинската служба на судот го информирала Младиќ и неговото семејство дека болеста му е неизлечива и дека е преминато на палијативна нега со фокус на крајот на животот.

Младиќ, кој беше командант на војската на Република Српска за време на војната во Босна и Херцеговина (1992–1995), е осуден на доживотен затвор поради геноцид, злосторства против човештвото и кршење на законите за водење војна.

Адвокатите на Младиќ наведуваат дека му остануваат само неколку месеци живот, и дека поради ваквата состојба нема ризик од бегство. „Ограничениот животен век е суштинско хуманитарно прашање кое мора да биде приоритет“, се додава во поднесокот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Жена тешко повредена, ја удрил возач на електричен тротинет и избегал
Следна Статија Сигурност при операција и нула грешка: За првпат во Македонија донесен систем за навигација на Трауматологија за лекување болести на ’рбетен столб

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Таен центар на УДБА во познат словенечки хотел: „Слушнав звуци, рецепционерот ме уверуваше дека нема никој“

Во хотелот „Јама“ во Словенија, при реновирањето на објектот во 2016 година, пронајдени биле тајни соби кои служеле како центар…

January 9, 2025
БАЛКАН

Студентите во блокада за вечерва најавија нови акции во повеќе српски градови

Студентите во блокада за вечерва најавија нови протестни собири, што ќе започнат во неколку српски градови помеѓу 19:30 и 21…

August 14, 2025
БАЛКАН

Вучиќ за скратувањето на работното време: Ќе работиме повеќе, не помалку

Со месеци се води дијалог за укинување на работните денови и часови, а ќе има поголема мотивација ако го скратиме…

May 8, 2026
БАЛКАН

ГЕРБ на Бојко Борисов е во водство на изборите во Бугарија

Победник на најновите предвремени парламентарни избори е партијата на поранешниот премиер Бојко Борисов – ГЕРБ со 26,4 отсто, покажуваат првите…

October 27, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?