Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Зеленски сега сака да се сретне со Путин
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Зеленски сега сака да се сретне со Путин
СВЕТ

Зеленски сега сака да се сретне со Путин

Објавено June 4, 2025 17:32
Сподели
Сподели

Претседателот на Украина Володимир Зеленски предложи прекин на огнот додека се одржи средба меѓу него и рускиот претседател Владимир Путин.

– Мојот предлог, кој верувам дека нашите партнери можат да го поддржат, е да им предложиме на Русите прекин на огнот до лидерска средба, изјави Зеленски на прес-конференција во Киев.

Тој додаде дека условите за мир што ги поставува Москва се ултиматуми.

Изјавата на Зеленски се однесува на условите содржани во меморандумот што Русија ѝ го предаде на Украина на почетокот на неделата, а кој предвидува повлекување на украинската војска од четири региони за кои Москва тврди дека ги анектирала.

– Тоа е ултиматум што руската страна ни го наметнува. Затоа, според мене, тие не го објавија документот пред преговорите, бидејќи знаат дека доколку беше објавен, Украина ќе имаше полно право да не дојде на состанокот во Истанбул, рече украинскиот претседател.

Тој додаде дека нема смисла да се продолжат преговорите во Истанбул со постојните делегации, бидејќи по два круга тие не дале резултати.

– Мислам дека Русија е подготвена да продолжи со размена на заробеници, но сегашната руска делегација, предводена од советник од втор ред од кабинетот на претседателот, не е на ниво за да дискутира за прекин на огнот, рече Зеленски. Според него, продолжување на дипломатските средби на тоа ниво „нема смисла.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Nvidia“ го надмина „Мајкрософт“, повторно е највредната компанија во светот
Следна Статија Родителите на момчето од Кавадарци кое почина на пат кон скопските клиники се сомневаат во можна лекарска грешка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Од одбрана до миграција: Што носи новата владина коалиција во Германија

ДПА Новата коалиција предводена од германските конзервативци денеска ја презема функцијата  под раководна палка  на новиот канцелар Фридрих Мерц, помалку…

May 6, 2025
СВЕТ

(Видео) Синот на Бајден: Апчињата за спиење се виновни за дебаклот на дебатата со Трамп

Хантер Бајден во ново интервју изјави дека неговиот татко, поранешниот американски претседател Џо Бајден, земал апче за спиење пред неговата…

July 22, 2025
СВЕТ

2.000 бродови и 20.000 морнари блокирани во Ормускиот теснец од 28 февруари

Најавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека САД ќе ги извлечат блокираните бродови од Ормускиот теснец доаѓа само неколку дена…

May 4, 2026
СВЕТ

(ВИДЕО) Трамп облече престилка и пржеше помфрит во Мекдоналдс

Доналд Трамп избра една од најпознатите американски компании - Мекдоналдс за да се претстави во најдобро можно светло пред гласачите…

October 20, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?