Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трамп им забрани на странски студенти да се запишуваат на Харвард
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Трамп им забрани на странски студенти да се запишуваат на Харвард
СВЕТ

Трамп им забрани на странски студенти да се запишуваат на Харвард

Објавено June 5, 2025 08:24
Сподели
Сподели

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека на шест месеци го суспендира влезот на странски студенти на Харвард, повикувајќи се на националната безбедност и оценувајќи дека дозволувањето такво запишување е „штетно за интересите на САД“.

Одлуката на Трамп доаѓа по повеќемесечниот конфликт меѓу Белата куќа и еден од најпрестижните американски универзитети. Харвард претходно одби да ги исполни барањата на администрацијата во врска со откривањето податоци за странските студенти, што резултираше со прекин на федералното финансирање.

Во најновата објава, Трамп го обвинува Харвард дека има „обемни врски со странски држави“ и дека „ги крши граѓанските права на своите студенти и наставници“.

– Утврдено е дека е неопходно да се ограничи влезот на странски државјани кои доаѓаат во САД исклучиво или првенствено со цел да студираат на Харвард, се вели во декретот.

Покрај забраната за нови уписи, декретот го повикува државниот секретар да размисли за поништување на издадените визи за студентите кои веќе студираат на Харвард, а забраната може да се продолжи и по иницијалниот рок од шест месеци.

Претставници на Харвард за Ројтерс изјавиле дека станува збор за „уште еден незаконски и одмазднички потег на администрацијата кој го крши правото на слобода на говор.“

Универзитетот истакнува дека ќе продолжи да ги штити своите меѓународни студенти и да се бори против притисоците од Белата куќа. Во моментов, речиси 7.000 странски студенти сочинуваат 27 проценти од студентското тело на Харвард.

Уредбата на Трамп доаѓа непосредно по пресудата со која судот ја блокираше претходната одлука на Министерството за домашна безбедност да забрани запишување на странски студенти на Харвард. Министерката Кристи Ноем претходно ја укина сертификацијата на универзитетот потребна за запишување странци, што исто така беше запрено по судски пат.

Белата куќа вчера се закани и со укинување на акредитацијата на Универзитетот Колумбија поради наводни повреди на правата на еврејските студенти за време на протестите против војната во Газа.

Администрацијата на Доналд Трамп во последните месеци го засили притисокот врз американските универзитети, обвинувајќи ги дека не преземаат доволно против антисемитизмот. Харвард беше обвинет и за „несоодветна соработка“ со властите во врска со безбедносните проверки на меѓународните студенти, вклучувајќи недостатоци во податоците за тројца студенти.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Новиот мебел во станот на Џеф Безос го внесуваат со кран, запрен е целиот сообраќај на Менхетн
Следна Статија Новак Ѓоковиќ го елиминира Зверев за пласман во полуфиналето на Ролан Гарос

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Бил Клинтон хоспитализиран

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон е хоспитализиран во Вашингтон откако разви треска, изјави неговиот главен помошник за Ен-би-си Њуз во…

December 24, 2024
СВЕТ

Затворени се сите гласачки места во САД- Трамп во убедливо водство

Врз основа на тековните проекции на CNN, поранешниот претседател Доналд Трамп има 246 електорски гласови, додека потпретседателката Камала Харис има…

November 6, 2024
СВЕТ

Хаос во Јужна Кореја: Специјалци упаднале во канцеларијата на претседателот, екс министерот за одбрана се обидел да се самоубие

Специјалните сили на јужнокорејската полиција извршија рација во канцеларијата на претседателот Јун Сук Јеол, што е најнов развој на политичката криза…

December 11, 2024
СВЕТ

Тензиите ескалираат: Трамп размислува за воени опции против Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека разгледува „многу силни“ воени опции против Иран, поради, како што рече, смртоносната репресија врз…

January 12, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?