Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Одобрено е обвинението против Нино Васев, Нехат Нухи и онколозите, седнуваат на обвинителна клупа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Одобрено е обвинението против Нино Васев, Нехат Нухи и онколозите, седнуваат на обвинителна клупа
ХРОНИКА

Одобрено е обвинението против Нино Васев, Нехат Нухи и онколозите, седнуваат на обвинителна клупа

Објавено June 5, 2025 10:53
Сподели
Сподели

Кривичниот суд во Скопје го одобри обвинителниот акт поднесен од Обвинителството во случајот познат во јавноста како „Онкологија“, со кој на обвинителна клупа ќе седнат поранешните директори на Клиниката за онкологија, Нино Васев и Нехат Нухи, како и неколку онколози.

„Советот за оцена на обвинител акт, постапувајќи по обвинението со К – ООА 128/25 за случајот, во јавноста познат, како „ Онкологија “, поднесен 22.05.2025 година, донесе решение со кое приговорот на одбраната се одбива, а актот се одобрува. По вака одобрениот обвинителен акт формиран е кривично – правен предмет со К.бр. 1069/25 кој согласно АКМИС системот ќе биде распределен ан понатамошно постапување кај судија, а што биде насрочен термин за главна расправа, истиот ќе биде достапен на календарот за судења на веб страната на судот“, велат од Кривичен суд.

Поранешниот директор Нино Васев е обвинет за злоупотреба на службена положба и загрозување на здравјето на пациенти. Според обвинението, кај најмалку 29 пациенти било утврдено погрешно дозирање на терапијата и отстапки од стандардните онколошки протоколи. Во дел од постапката се наведува дека Васев имал помош од колешка од одделот за тумори на дојка.

Покрај него, обвинети се и двајца лекари од одделот за белодробни заболувања, за давање терапија без медицинска оправданост.

Во вториот дел од постапката, Васев и поранешниот медицински директор Нехат Нухи се товарат за проневера и измама во вредност од над 35 милиони евра, со што е нанесена голема штета на државниот буџет. Според Обвинителството, станува збор за недоставување на лекови на пациенти, додека финансиските средства биле неосновано повлечени.

Случајот „Онкологија“ го потресе здравствениот систем и беше отворен пред две години. Обвинителството го оценува како еден од најкомплексните случаи на криминал во јавното здравство досега.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Прошверцуван телефон од Северна Кореја: Новинарите открија неверојатни работи (ВИДЕО)
Следна Статија (Видео) Борбени авиони на НАТО слетаа на автопатите во Финска и Шведска

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

ПИЈАНИ ВОЗАЧИ НА ПАТИШТАТА Жена фатена со 3,20 промили во Струмица, еден маж со 3,47 во Струмица и еден со 1,99 во Куманово

Три лица од Виница, Куманово и Струмица се лишени од слобода поради управување со моторни возила под дејство на алкохол,…

August 31, 2025
ХРОНИКА

Раде Штекли објави најнова фотографија

Раде Трајковски-Штекли објави нова фотографија на социјалната мрежа „Инстаграм“. Ова доаѓа откако утрово беше фрлена бомба во дворот на неговата…

November 14, 2024
ХРОНИКА

Старица измамена за 2500 евра од лажен доктор

На 19.12.2025 во 13:40 часот во СВР Скопје, 77-годишна жена од Скопје пријави дека истиот ден била измамена од машко…

December 20, 2025
ХРОНИКА

Скандал во охридската болница, ја тепала колешката пред пациенти

Во Општата болница во Охрид вчера се случи несекојдневен инцидент што ја вознемири јавноста. Околу 13:25 часот, полицијата добила пријава…

January 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?