Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ЈПДП: Нема отстапки од планираниот период за пуштање на дел од автопатот Кичево-Охрид
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > ЈПДП: Нема отстапки од планираниот период за пуштање на дел од автопатот Кичево-Охрид
МАКЕДОНИЈА

ЈПДП: Нема отстапки од планираниот период за пуштање на дел од автопатот Кичево-Охрид

Објавено June 6, 2025 09:00
Сподели
Сподели

Од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП)  велат дека во моментов нема отстапка од планираниот период за ставање во функција на дел од автопатот Кичево-Охрид, од Врбјани до Охрид, со исклучок на делот кај Ботун, откако претходно беше најавено дека на почетокот на летната сезона ќе бидат пуштени првите километри.

Во изјава за МИА од ЈПДП објаснуваат дека интензивно се работи на терен со посебен акцент на делницата од село Врбјани до Охрид, каде се изведува асфалтирање на делот од Врбјани до Ботун-главна траса.

–  Забрзано тече изградбата на пристапните патишта од: Врбјани до Сливово, Сливово-Арбиново, Арбиново-Издеглавје, Издеглавје-Песочани, Песочани-Ново Село, Ново Село-Ботун, како и изградбата на пристапни патишта до село Горенци и село Оровник. Се изведува последната фаза пред асфалтирање и градежни активности на клучките Арбиново и Издеглавје, се поставува жичана ограда и еластична ограда, а кај Климештани е завршена десната страна и пуштена под времен режим на сообраќај и сега започнуваат активности на лева страна од главната траса. Започната е првата фаза на клучка Требеништа, а интензивно се работи од Подмоље до х. Амасадор на изградба на столбови за натпатник, изградба на потпорен ѕид, како и на изградба на фекална и атмосферска мрежа. Се работи и на натпатникот кај Св. Еразмо, но и на левата страна од Подмоље до Охрид каде се поставува еластична ограда во средишниот дел, а се вршат и припремни работи за асфалтирање на десната страна од главна траса, велат од Јавното претпријатие за државни патишта.

Вицепремиерот Александар Николоски претходно во неколку наврати најави дека пред почетокот на летната сезона ќе бидат пуштени 40 километри од автопатот Кичево-Охрид,  на делот од село Врбјани до Охрид, со пресек кај селото Ботун, каде што има проблеми со косините.  По појавата на нови свлечишта кај Ботун, во изминатиот период се работеше на надминување на проблемот со дополнителни геотехнички истражни работи и предлог технички решенија.

Како што посочуваат од ЈПДП, во тек е изработка на измена и дополна на основен проект за траса „Трајна стабилизација на косини и усеци“. По изработка на целокупната проектна документација ќе се направи детална финансиска анализа.

Проценетата вредност за автопатот Кичево-Охрид што се гради 10 години, е 589 милиони евра според Анекс бр. 3 на Договорот.

Според ЈПДП, со зголемена динамика се одвива изградбата на автопатските делници на коридорите 8 и 10 д  што ги гради конзорциумот „Бехтел и Енка“. 

–  Од градежните активности што се одвиваат на трите делници (Тетово- Гостивар, Гостивар- Букојчани и Прилеп- Битола) се земјани работи на главна траса, изградба на пропусти, армирање и бетонирање на мостови, регулирање на времени сообраќајни режими, се вршат ископи, се изведува заштита на косини и сите активности се одвиваат со зголемена динамика. Вкупно исплатени средства на Бехтел и Енка се 301,088,222.79  евра, информираат од ЈПДП.

Кон Бехтел и Енка за изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10 д  заклучно со минатата година беа исплатени  261 милион евра, а годинава за таа намена во буџетот на Министерството за транспорт се предвидени 130 милиони евра. Планирано е да се работи комплетно на целата траса Тетово–Гостивар во должина од 17 километри, на Гостивар–Букојчани на приближно 17 километри и на Прилеп–Битола на 25 километри.

За градежната механизација во годината што измина имаше работа претежно во продолжување и заокружување на тековни инфаструктурни проекти во патната мрежа, некои почнати и пред повеќе години, 

За изградбата на втората фаза од автопатот Скопје-Блаце, во должина од 10,5 километри, во тек е повик за изразување интерес за надзор. Повикoт за претквалификација за надзор на изградба на подделница од автопатот на ТЕН-Т рута 6 во должина од 10,5 км. e отворен до 23. месецов.

Временската рамка за избор на надзорот, објаснуваат од ЈПДП, ќе зависи од процесот на претквалификација кој е во координација со Европската банка за обнова и развој. По ова, најавуваат, ќе следи повик за финансиска понуда на заинтересирани фирми за надзор.

Работите на изградба на Автопат А4, делница ГП „Блаце“ – Скопје (клучка „Стенковец“), Подделница 1, се завршени. Од ЈПДП велат дека во процедура е изработката на технички решенија за изведба на санациони работи на кружни текови каде што се појавени оштетувања. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Се распаѓа сојузот Маск–Трамп: меѓусебни обвинувања и пад на акциите на Тесла
Следна Статија (Видео) Халибартон со звукот на сирената – Индијана ја шокираше Оклахома

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Целосно прекинат сообраќајот кон граничниот премин Блаце

Поради ширењето на пожарот во близина на Блаце, целосно е прекинат сообраќајот на патниот правец Стенковец-ГП Блаце, во двата правци,…

July 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Министерот Цветан Трипуновски имал арогантен однос, синдикатот бара да биде сменет

Дали министерот Трипуновски, ќе биде дел од најавената реконструкција на Владата? Ќе биде ли сменет министерот за земјоделство, кој во…

June 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Зградите на ФИНКИ и ФФК ќе ги изградиме, но дали ќе имаме за 18 години студенти да ги наполниме

На седницата на Собранието посветена на пратенички прашања во четвртокот, премиерот Христијан Мицкоски се осврна на изградбата на објектите на…

January 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Финансиска полиција истражува кои предмети се чувале во фиока

Како институција мораме да направиме се за да нема повеќе чување на предмети во фиоки, истакнува новиот в.д. директор на…

December 1, 2024
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?