Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (Видео) Халибартон со звукот на сирената – Индијана ја шокираше Оклахома
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > (Видео) Халибартон со звукот на сирената – Индијана ја шокираше Оклахома
СПОРТ

(Видео) Халибартон со звукот на сирената – Индијана ја шокираше Оклахома

Објавено June 6, 2025 09:03
Сподели
Сподели

Кошаркарите на Индијана Пејсерс победија во Оклахома со 111:110, во првиот финален натпревар од НБА лигата.

Пјесерс победија со поените на Тајрис Халибартон во последната секунда од натпреварот.

Претходно МВП-то на лигата, Шеј Гилџес-Александер имаше шут за победа на 11 секунди пред крајот на 110:109, но промаши.

Халибартон ја зеде топката и на 0,3 секунди пред крајот, со скок-шут постигна поени за прво водство на Пејсерс во натпреварот и за победа.

Навивачите и домашните играчи останаа во шок бидејќи Окалхомацело време беше во водство, а во последната четвртина имаше 15 поени разлика (94:79).

Минута и пол пред крајот, Оклахома имаше +5, но Нембхарт од линијата за слободни и Сијакам намалија на 110:109, така што по промашувањата на Вилијамс и Шеј, Халибартон ја замолчи арената.

Халибартон го заврши натпреварот со 14 поени, но вистински херој беше Паскал Сијакам со 19 поени и 10 скока. Арон Најсмит оствари дабл-дабл со 10 поени и 12 скока, а Мајлс Тарнер имаше 15 поени и девет скока.

На Оклахома не ѝ помогна уште еден MВП настап од 38 поени на Шеј Гилџес-Александер. Џејлен Вилијамс додаде 17 поени, а Лугенц Дорт 15 поени.

Вториот натпревар од финалната серија е закажан за во понеделник, исто така во Оклахома.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ЈПДП: Нема отстапки од планираниот период за пуштање на дел од автопатот Кичево-Охрид
Следна Статија (Видео) Спектакл во Штутгарт – Шпанија преку Франција до финалето во Лигата на нации

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Предраг Мијатовиќ е во Скопје

„Спортувајте, другарувајте, учете, затоа што спортот е иднината на нашата татковина Македонија“, порача премиерот Христијан Мицкоски на свеченото отворање на…

May 8, 2026
СПОРТ

(Видео) Натпревар на годината на „Монжуик“ – Атлетико водеше 0:2, па Барселона 4:2, на крајот 4:4

Барселона и Атлетико Мадрид го одиграа мечот на сезоната во Шпанија. Во првиот полуфинален меч во Купот на Кралот, резултатот…

February 26, 2025
СПОРТ

Дерби до дерби: Спектакуларна ждрепка за ЛШ

Во Монако, софтверот ги одреди довјките за главната фаза во Лигата на шампионите, во сезоната 2025/2026. Сезната во која ПСЖ…

August 29, 2025
СПОРТ

Саудиска Арабија ќе почека, Винисиус во Реал Мадрид до 2030 година

И покрај најавите, и покрај инсајдерските приказни дека Винисиус Жуниор ќе ја прифати понудата од Саудиска Арабија вредна една милијарда…

April 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?