Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Околу 14.000 македонски граѓани останаа без денар вложувајќи пари преку Конти
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Околу 14.000 македонски граѓани останаа без денар вложувајќи пари преку Конти
Blog

Околу 14.000 македонски граѓани останаа без денар вложувајќи пари преку Конти

Објавено October 5, 2024 21:41
Сподели
Сподели

Граѓаните да внимаваат со потенцијалните инвестиции преку различни апликации, апелираше денес министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и информира дека досега не е поднесена ниту една  кривична пријава  поврзани со апликацијата Конти која остави без денар околу 14.000 македонски граѓани кои вложувале пари преку Конти, а биле членови на група на Телеграм.

Според Тошковски, оние што учествувале како жртви во овој, како што рече, потенцијално кривично-правен настан, да се обратат до МВР за да се истражат случаите и соодветно да се реагира.

„Според информациите од утринава, кривична пријава официјално не е поднесена, но изразувам оргомна загриженост за ваков пирамидален инвестициски финансиски потенцијален криминал што се случува по не знам кој пат во земјава. Од службите бев информиран дека многу слична апликација за измама била констатирана и во 2022 година. И тогаш е упатен апел граѓаните особено да внимаваат кога станува збор за вакви потенцијални инвестиции кои најчесто завршуваат како класични измами. И сега апелирам, граѓаните особено да внимаваат на вакви инвестициски вложувања, да се консултираат со експерти од областа, да се обратат и до МВР каде исто така има експерти кои првично може да проценат дали станува збор за потенцијална измама, а оние што учествувале како жртви во овој потенцијален кривично-правен настан, да се обратат до МВР за да истражиме и соодветно да постапиме“, истакна министерот по прес-конференцијата по повод 100 дена од работата на Владата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ПУКАЊЕ ВО ЧАИР Има повредени, еден се бори за живот (ВИДЕО)
Следна Статија Мајкл Џордан купи автомобил каков што нема никој друг во светот (Фото)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Акциите на Волстрит почнаа да паѓаат откако Трамп објави нови царини

Меѓу најголемите губитници вчера беше акцијата на Тесла, со пад на цената од речиси 7 отсто, откако извршниот директор на…

July 8, 2025
Blog

Лидл е посветен на изградба на модерна, енергетски ефикасна и безбедна инфраструктура во согласност со меѓународните стандарди

Во соработка на „Лидл Македонија“, Министерството за транспорт и Стопанската комора на Македонија, во Скопје се одржа конференција „Бизнис-со-бизнис“ посветена…

May 30, 2025
Blog

Ворен Бафет се реши на радикален пресврт и предизвика општа паника: „Дали тој знае нешто што ние не знаеме?“

Ворен Бафет, човекот познат по тоа што изјави дека неговиот омилен временски период за чување акции во неговото портфолио е…

November 14, 2024
Blog

Над 17 отсто од вработените Европејци работат со скратено работно време

Вкупно 17,1 проценти од вработените во ЕУ на возраст од 20 до 64 години лани биле ангажирани со скратено работно…

November 11, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?