Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Митева: Нов канал за директна комуникација со повредените во трагедијата во Кочани – 070 355 526
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Митева: Нов канал за директна комуникација со повредените во трагедијата во Кочани – 070 355 526
МАКЕДОНИЈА

Митева: Нов канал за директна комуникација со повредените во трагедијата во Кочани – 070 355 526

Објавено June 7, 2025 11:56
Сподели
Сподели

Во овие моменти, кога Кочани и цела Македонија сè уште ја чувствуваат болката од трагедијата што ја потресе нашата држава, Владата останува посветена на тоа никој да не биде оставен сам. Секој човек, секоја приказна, секоја потреба – се важни, истакна на денешната прес конференција портпаролката на владата Марија Митева.

-Ова обраќање денес е наменето пред сè за повредените и за нивните најблиски – за лицата кои се лекуваат во кочанската болница и кои се соочуваат со последици што бараат трпеливост, сила, но и системска поддршка.

Свесни сме дека досега беа преземени повеќе активности – итна здравствена грижа, институционална мобилизација, финансиска и логистичка поддршка, но свесни сме и дека постојат сегменти кои се повторно неопходни. Затоа започнуваме со нова активност, во насока на она што го ветивме: континуирана, организирана, системска и човечка поддршка.

Ја воспоставуваме новата телефонска линија за директна комуникација, управувана од Канцеларијата на претседателот на Владата, која ќе биде активна од понеделник, 09.06 и ќе функционира непрекинато и достапно за сите повредени и нивните семејства.

Телефонскиот број е нов канал за директна комуникација со повредените и нивните семејства.

Преземањето на овие активности не се заклучоци донесени од канцеларија – тие се резултат на директна комуникација на терен, особено од страна на работната група за евалуација на повредените, која во изминатиот период работеше во непосреден контакт со семејствата и со медицинските тимови. Секое укажување и секој ненагласен апел – се земени предвид и вградени во оваа нова фаза на поддршка.

Во првата фаза, ги повикуваме сите повредени и нивните семејства да се јават, да ги изнесат своите барања кои ги имаат, предлози и конкретни потреби. Оваа линија нема да биде само контакт – туку жив канал на комуникација, преку кој ќе се одржува дневна, неделна и месечна координација, со редовно информирање, и со персонализиран пристап за секој случај.

Сигурно ќе се постави и прашањето, зошто ова се прави сега?

Затоа што оваа Влада верува дека поддршката не смее да биде еднократна, туку таa е процес. Затоа што знаеме дека здравствената и психолошката состојба на повредените се менува секој ден – и дека пред сè, им беше потребно време да се посветат на своето закрепнување. Кога се во состојба на закрепнување и имаат нови барања и потреби ние сме целосно подготвени да им излеземе во пресрет за сите останати состојби со структуриран, отворен и достапен механизам.

Почитувани граѓани,

Ова е уште една потврда на нашата заложба: да останеме покрај луѓето, со одговорна и конкретна поддршка. Ова е наша обврска, посветено и постојано присуство на институциите – таму каде што е најпотребно, рече Митева.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Градоначалникот на Харков: Најтежок руски напад врз градот од почетокот на војната (ВИДЕО)
Следна Статија Новини на сметките за струја: Корисниците ќе знаат дали броилото е читано

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Преку Европол ќе се обезбедуваат податоци за банкарски сметки и имот во странство на корумпирани бизнисмени и функционери

Јавното обвинителство на Република Македонија, преку јавниот обвинител за врски на Република Македонија со Европравда одржа претходно договорен онлајн состанок…

February 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Нема уставни измени без гаранции, ако треба ќе чекаме децении

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека Владата нема да прифати уставни измени под услови кои, како што рече, директно го…

March 29, 2026
МАКЕДОНИЈА

ФИНКИ и ФФК конечно ќе се доградат

Факултетот за информатички технологии (ФИНКИ) и на Факултетот за физичка култура (ФФК), конечно ќе добијат згради. Објектите кои беа недоградени…

December 5, 2024
МАКЕДОНИЈА

79 години од објавувањето на Македонската граматика од професорот Круме Кепески

Првата Македонска граматика од проф. Круме Кепески е објавена на 26 ти јануари, 1946 година. Професорот Круме Кепески појаснува дека…

January 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?