Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мајката на Артан Груби: Те гонат како во комунизмот, ама ќе пропаднат како што пропадна тој систем
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мајката на Артан Груби: Те гонат како во комунизмот, ама ќе пропаднат како што пропадна тој систем
МАКЕДОНИЈА

Мајката на Артан Груби: Те гонат како во комунизмот, ама ќе пропаднат како што пропадна тој систем

Објавено June 7, 2025 15:51
Сподели
Сподели

Зухра Груби, мајката на поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој со месеци е во бегство и се наоѓа на меѓународна потерница, денес се огласи на неговиот роденден со јавно обраќање на Фејсбук. Таа сподели емотивна честитка, полна со гордост и поддршка за својот син, наведувајќи дека неговото отсуство денес е „позабележително од присуството на сите други заедно“.

„Се зборува за твоите дела затоа што ги прават сите горди и ги потсетуваат на годините кога Албанците се чувствуваа претставени и господари во својата земја“, напиша таа, притоа упатувајќи критика кон, како што вели, оние што не успеале да направат што и тој и сега се обидуваат да го уништат неговото наследство.

Зухра Груби го нарече неговото гонење „политичка одмазда и прогон, како во времето на комунизмот“ и изрази надеж дека „вистината ќе победи по Божја волја“.

Артан Груби се наоѓа во бегство од декември 2024 година, кога, според официјалните информации, ја напуштил земјата под изговор на „приватна посета“. Подоцна, по отворањето истрага за малверзации поврзани со работењето на АД Државна лотарија, Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница. Иако Обвинителството сè уште официјално не соопштило каде се наоѓа Груби, неофицијално се верува дека тој се крие во Албанија, под заштита на бизнисмен близок до политички кругови.

Ова е првпат Артан Груби или некој од неговото потесно семејство да се огласи јавно по неговото исчезнување.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Загина девојка: Тешка сообраќајна несреќа на патот Скопје – Тетово
Следна Статија Земјотрес во Грција – почувствуван и во Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Денеска е Цветници

Православните христијани денеска го слават празникот Цветници познат уште и како Цветоносна недела и Врбица. Овој празник ја одбележува последната…

April 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Николоски од Абу Даби: Многу отворени теми и можности за силна соработка во повеќе сектори

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, како дел од владината делегација која е во официјална билатерална…

April 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Се интервенира на подметнати пожари кај Тиквешко Езеро

Се интервенира на подметнати пожари кои зафатија сериозни и тешко достапни локации на Тиквешко Езеро, информираше кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев,…

August 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Поевтини станови во Битола, владата усвои одлука истите да се продаваат по реални цени

На денешната седница на Влада усвоивме одлука со која становите што ги гради ЈП за станбен и деловен простор ќе…

January 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?