Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ДУИ: Албанците се недоволно застапени во неколку клучни институции
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ДУИ: Албанците се недоволно застапени во неколку клучни институции
ПОЛИТИКА

ДУИ: Албанците се недоволно застапени во неколку клучни институции

Објавено June 7, 2025 15:56
Сподели
Сподели

Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост во врска со најновите извештаи за недоволната застапеност на Албанците на одлучувачки позиции во државните институции на Македонија. Според анализа објавена во неколку медиуми, Албанците се недоволно застапени во неколку клучни институции, вклучително и Претседателството, Министерството за дигитална трансформација, Министерството за спорт, Народната банка, МЕПСО и Агенцијата за администрација, соопштија денес од партијата.

Оттаму велат дека овој диспропорционален однос е особено загрижувачки по укинувањето на механизмот „Балансер“ од страна на Уставниот суд на 9 октомври 2024 година, кој претходно обезбедуваше правична застапеност на заедниците во државната администрација.

– По оваа одлука, отсуството на ново законско решение доведе до исклучување на Албанците од клучните одлучувачки позиции. ДУИ потенцира дека правичната и соодветна застапеност на сите заедници претставува темелен столб на Охридскиот договор и предуслов за еднакво и демократско општество. Апелираме до надлежните институции итно да преземат мерки за надминување на оваа нееднаквост и да обезбедат правична застапеност на Албанците на сите нивоа во јавната администрација. ДУИ останува посветена на унапредувањето на еднаквоста, правичната застапеност и целосната интеграција на Албанците во институционалниот живот на државата – велат од партијата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тошковски за ИБНА: Ова што се случува со европскиот процес е повеќе од застој, тоа е неправда
Следна Статија Путин потпиша закон со кој се казнува продажба на енергетски пијалоци на деца

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Левица: Власта молчи пред дивеењето на Мијалков на Охридското езеро

Периодов интензивно се одвиваат градежни активности на самото крајбрежје на Охридското езеро, во локалитетот познат како Горица 3, додека инвеститор…

April 27, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ бара да се прошири истрагата за Кочани со актуелни функционери и службеници

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија прашува до каде е проширувањето на истрагата за Кочани со актуелни функционери и службеници. Опозициската партија…

March 29, 2025
ПОЛИТИКА

Меџити: Ако бидам избран за градоначалник на Чаир, Беким Сали ќе биде прв вицепремиер

Првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити, кој е кандидат на ВЛЕН за градоначалник на Чаир, изјави дека…

August 5, 2025
БАЛКАНЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАПОЛИТИКА

ЕУ: Старт на преговорите веднаш штом ги внесете Бугарите во Уставот

Европската комисија со нетрпение очекува што е можно поскоро почеток на преговорите по поглавја со Албанија и Македонија вели портпаролката…

September 26, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?