Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трамп го нарече Маск „голем зависник од дрога“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Трамп го нарече Маск „голем зависник од дрога“
СВЕТ

Трамп го нарече Маск „голем зависник од дрога“

Објавено June 8, 2025 08:53
Сподели
Сподели

Американскиот претседател Доналд Трамп во телефонски разговор со соработници го обвини милијардерот Илон Маск за зависност од дрога, пренесе „Вашингтон пост“, повикувајќи се на извори.

Се додава дека Трамп го опишал поранешниот шеф на Одделението за ефикасност на владата како „голем зависник од дрога“, наведува „Пост“.

Маск претходно призна дека користи кетамин, кој му бил препишан од лекар, а „Њујорк тајмс“ неодамна објави дека сопственикот на Тесла користел големи количини кетамин, меѓу други наркотици, што довело до проблеми со мочниот меур.

Трамп изјави дека ќе има „сериозни последици“ за Илон Маск доколку го финансира демократскиот табор за да се кандидираат против републиканците кои го поддржуваат сеопфатниот буџетски закон на Републиканската партија.

Претседателот на САД исто така рече дека нема желба да го поправи односот со Маск по јавните расправии, велејќи дека смета оти нивниот однос е завршен.

Конфликтот започна откако Маск го критикуваше Трамповиот закон за трошење и даноци, кој има влијание врз бизнисот со електрични возила.

На тоа Трамп одговорил дека не е сигурен дали во иднина ќе има добри односи со Маск, а сопственикот на Тесла потоа го обвини републиканецот дека неговото име се наоѓа во документите на осудениот педофил Џефри Епштајн, пренесува Танјуг.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Србија ја преживеа битката во Албанија
Следна Статија Сончево и многу топло време, до 38 степени

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Како Израел го пронајде и уби лидерот на Хамас

Израелската војска повеќе од една година трага по лидерот на Хамас, кој исчезна во Газа набргу откако го организираше масакрот…

October 18, 2024

Криза во Министерството за внатрешна безбедност врши притисок врз Сузан Колинс

Републиканецот од Мејн е под огромен притисок додека голем пакет на финансирање виси на танка жица, а федерални агенти преплавуваат…

January 29, 2026
СВЕТ

Војниците на Националната гарда на улиците на Вашингтон ќе почнат да носат оружје

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет им нареди на војниците на Националната гарда да почнат да носат огнено оружје при…

August 25, 2025
СВЕТ

Објавени фотографии од екипажот на урнатиот американски хеликоптер, жена била главниот пилот

Тројца членови на екипажот на хеликоптерот Блек Хок на американската армија загинаа во четвртокот кога се судри со патнички авион…

January 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?