Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Претседателката Сиљановска Давкова во Ница оствари средба и со Макрон: Целта е да се нагласи важноста на меѓународната научна соработка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Претседателката Сиљановска Давкова во Ница оствари средба и со Макрон: Целта е да се нагласи важноста на меѓународната научна соработка
МАКЕДОНИЈА

Претседателката Сиљановска Давкова во Ница оствари средба и со Макрон: Целта е да се нагласи важноста на меѓународната научна соработка

Објавено June 9, 2025 08:51
Сподели
Сподели

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од вчера престојува во работна посета на Ница, Франција, каде учествува на третата Конференција на Обединетите Нации за океанот (UNOC3).

-Задоволство беше, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон да бидам дел од церемонијата за отворање на Декадата за криосферските науки кои ги проучуваат глечерите и сите површини каде водата е во тврда состојба, како и да присуствувам на презентацијата на препораките од специјалните настани на третата Конференција на ОН за океанот, објави претседателката Сиљановска-Давкова.

-Целта е да се нагласи важноста на меѓународната научна соработка, како и да се поттикнат напорите за одржлив развој како одговор на алармантното влијание на климатските промени врз глечерите, ледените плочи и вечниот мраз, односно негативните ефекти кои со тоа се предизвикуваат, истакана Сиљановска-Давкова.

Драго ми е што можев кратко да поразговарам со претседателот Макрон, кој е домаќин на конференцијата, потенцира во објавата на својот фејсбук профил.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Приведен е струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов, близок до кланот Заеви
Следна Статија Победа на локални избори во два српски града прогласија и Вучиќ и опозицијата, изборните комисии засега без резултати од гласањето

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Ле Риголер: Преговарачката рамка не се менува, уставните измени се клуч за напредокот кон ЕУ

Европската Унија нема намера да ја менува преговарачката рамка за Македонија, а напредокот на земјата кон членство останува директно поврзан…

March 29, 2026
МАКЕДОНИЈА

Крешник Бектеши: УЧК е дел од нашата држава!

Крешник Бектеши за тоа кој ја поттикнал наставничката да ја организира приредбата во училиштето во село Челопек, одговори дека со…

December 5, 2024
МАКЕДОНИЈА

Важно: Од утре се затвораат споредните влезови на автопатот Охрид–Кичево

СВР Охрид ја информира јавноста дека од утре (29.04.2026), за сообраќај ќе бидат затворени сите споредни влезови и излези кои…

April 28, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Проект за 250 евра ваучер за таблети за сите студенти и до 10.000 евра за бизнис за млади

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски презентираше мега проекти за младите. -ВМРО-ДПМНЕ го прави тоа за младите кои се сила, иднина…

October 7, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?