Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Таткото на Вања го информирал Палевски дека девојчето само ќе оди на училиште“ – тврди Обвинителството
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > „Таткото на Вања го информирал Палевски дека девојчето само ќе оди на училиште“ – тврди Обвинителството
ХРОНИКА

„Таткото на Вања го информирал Палевски дека девојчето само ќе оди на училиште“ – тврди Обвинителството

Објавено June 9, 2025 11:18
Сподели
Сподели

„Обвинетите заслужуваат не само правна, туку и морална осуда бидејќи се работи за убиство на дете. Обвинетите сковале план да се грабне возило кое може да се движи незабележано, но и лицето да живее само за да не биде веднаш барано. Го избрале Панче бидејќи неговиот цитроен бил со голем гепек. На 22-ри го грабнале и убиле Панче. На 24-ти ноември се обиделе, но не успеале да ја грабнат Вања. Истото го повториле на 27-ми ноември откако претходно таткото на девојчето го информирал Палевски дека Вања сама ќе оди на училиште. Го извршиле грабнувањето и ја убиле Вања која го обожавала татка си и пишувала состави за него“.

Ова денеска го кажа обвинителката Жаклина Јосифовска во завршните зборови од судењето за убиствата на 14-годишното девојче и велешкиот пензионер.

За Палевски, Јосифовска рече дека од страв да не биде фатен отишол за Белград, иако немал закажано никаков преглед.

-Обвинителството ги докажа сите дела кои им се ставаат на терет на обвинетите, рече Јосифовска.

Таа дополни дека врз обвинетите не е вршено никакво насилство и оти вина има и Александар Ѓорчевски.

-Таткото на Вања им ги дал на обвинетите информациите за движењето на девојчето. Неговото однесување било чудно, постојано зборувал дека Вања е киднапирана, рече Јосифовска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Полицијата во Лос Анџелес погоди новинарка со гумен куршум
Следна Статија Мерко прогласен за невин за скапото „ауди“ од 67.000 евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

(ВИДЕО) Случај крави од Крива Паланка: Приведени таткото и ќерките оти попречувале инспектори и полицијаци, а се заканувале и на соселаните

Лишени се од слобода три лица од Кривопаланечко, кои попречувале полициски службеници и вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство…

December 3, 2025
ХРОНИКА

Четири години земал мито по 200 евра: Референт од Македонски шуми заврши во притвор

Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување на истражна постапка за продолжено кривично дело – Примање поткуп од член…

November 12, 2024
ХРОНИКА

Ја удирал и ја силувал – побаран притвор за Битолчанец

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против 56-годишник осомничен за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2…

December 20, 2025
ХРОНИКА

Хорор во кичевско: Маж со секира си ги нападнал родителите – таткото починал, мајката се бори за живот

Денеска (11.05.2025) во 07:10 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Е.А.(48) од селото Србјани, кичевско, поради…

May 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?