Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Какви цени ве очекуваат во Грција: Леб од 1.5 до 2,98 евра, сендвичи од 4,5 до 9 евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Какви цени ве очекуваат во Грција: Леб од 1.5 до 2,98 евра, сендвичи од 4,5 до 9 евра
БАЛКАН

Какви цени ве очекуваат во Грција: Леб од 1.5 до 2,98 евра, сендвичи од 4,5 до 9 евра

Објавено June 10, 2025 11:08
Сподели
Сподели

Какви цени ве очекуваат во Грција откако ќе ги истрошите познатите и традиционални „резерви“  домкнати од Македонија? Лебот чини од 1.5 до 2,98 евра, а сендвичите се движат од 4,5 до 9 евра.

Цените на праските, јагодите, црешите и  јаболката се од  2 до 9 евра. Повисоки се цените на чоколадните производи, кафето, дел од производите за хигиена, пишува Порталб.мк. Атрактивните места во Грција кои се најпосетувани од македонските граѓани веќе се полнат со туристи.

Голем дел од рестораните, продавниците, таверните, вилите, хотелите во најпосетуваните туристички места во Грција, веќе се отворени – ги примија првите гости во оваа летна сезона. Иако почетокот на сезоната вообичаено се поврзува со летниот распуст во училиштата, во најпосетуваните грчки локации за македонските граѓани веќе има туристи, не само од кај нас туку и од Бугарија, Германија, Романија.

Во пресрет на летниот шпиц дел од цените во продавниците и на плажите се задржаа на ланското ниво но дел од цените, според менаџерите од трговијата веќе се зголемени, а ќе има и нови поскапувања.

Во маркетите забележливо беше поскапувањето на кафето, чоколадото но и кај средствата за хигиена. Така, познатото грчко чоколадо Лакта (Lacta) годинава чини 2,75 евра, грчка алва од 200 грама 2,35 евра, пакување од 4 лименки пиво во вкупна количина од 500 мл се продава за 5,20 евра.

Половина килограм пакуван леб чини од 1,50 евра до 2,98 евра за килограм а маслинки во тегла се продаваат од 3,95 евра до над 5 евра, во зависност од грамажата и брендот.

„Порталб“ ги регистрираше и цените на дел од основните прехранбени производи заедно со овошјето и зеленчукот.

Цените на овошјето и на зеленчукот во различни маркети се продаваат главно по иста цена, но сепак беа видливи разлики во цената од едно до две евра. Килограм цреши чини од 8,9 евра до 11 евра.

-Црешите се меѓу најскапото овошје, многу е висока откупната цена, но овие цени овде се главно повисоки од оние на пример во Солун, таму можете да купите цреши и за 4 евра, но овде е туристичко место и цените се повисоки. Вообичаено дел од цените на зеленчукот ги намалуваме кога ќе почне сезоната – вели сопственик на маркет лоциран во едно од туристичките места на првиот крак Касандра.

Килограм праски се продава за 2,50 евра, килограм јагоди за 2,90 евра, протоколи за 2,80 евра а јаболката од 2 евра до 3 евра. Килограм пиперки чини 2,60 евра а краставици 0,39 евра додека килограм домат се продава за 2 евра.

Кафе, еспресо, капучино, фрапе, во маркетите се продаваат од 2,20 евра до 2,80 евра, но дел од продавачите велат дека цените од овој месец ќе бидат зголемени.

– Цената на кафето постојано се зголемува, ќе мора да го поскапите, со овие цени не само што немаме добивка туку сме и во загуба – вели вработен во еден маркет.

Позначајно се зголемени и цените на чоколадата и другите чоколадни производи.

– Јас еве продава сладолед и не знам како туристите го купуваат, јас ги прашувам зошто го купувате кога е толку многу скап – вели друг продавач во маркет.

На плажите во поголем дел од туристичките места на Касандра, две лежалки и чадор за сонце се достапни доколку купите пијалак кој чини најмалку 5 евра. Порција салата и мала пица во рестораните покрај плажата се продаваат по 10 евра, цената на сендвичите се движи од 4, 50 евра до 9 евра а порција морска храна од 15 евра до 17 евра. Порција суфлаки или гиро во рестораните се продава за 9 евра.

Инфлацијата не ја поштеди ниту Грција, порастот на цените значајно се почувствува и во туризмот кој е еден од стратешките сектори на кои се потпира грчката економија. Географски блиска, Грција, заедно со Албанија и Бугарија, кои исто така излегуваат на море, се најпосетуваните дестинации од нашите граѓани.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Европска агенција за лекови: Оземпик може да предизвика многу ретко нарушување поврзано со трајно губење на видот
Следна Статија Стојанче Ангелов ќе зема повисока плата: Владата одобрила покачување

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Хрватска ќе купува шест турски борбени дронови Бајрактар за 86 милиони евра

Хрватска потпиша договор од 86 милиони евра за набавка на шест беспилотни летала Бајрактар ТБ2 од Турција, со рок на…

November 17, 2024
БАЛКАН

Вучиќ: Доаѓа време на одговорност, нема да има помилувања

Србија победи и Србија не може да се победи со насилство, изјави претседателот Вучиќ по вчершниот собир на опозицијата и…

June 29, 2025
БАЛКАН

Вучиќ најави предвремени избори: Убедливо ќе победиме, ни треба нова сила, нова енергија

Вучиќ ги обиколи штандовите и се сликаше со собраните граѓани. Им се заблагодари за „величествениот пречек“. Ги повика граѓаните да…

May 30, 2025
БАЛКАН

Словенија ќе ги признава македонските возачки дозволи без практичен испит

Словенија усвои измени на Законот за возачи, со кои на сопствениците на возачки дозволи издадени во Македонија им се овозможува…

November 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?