Само неколку месеци откако објави крај на својата натпреварувачка кариера, славниот Шпанец би можел да преземе посебна улога на Парискиот гранд слем, турнир каде што го крена трофејот 14 пати.
Имено, организаторите на Ролан Гарос ја објавија можноста Надал да биде дел од турнирот во иднина во улога на амбасадор, советник или дури и официјален претставник, што би било логично продолжение на неговата длабока врска со Париз.