Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: САД и Кина се согласија за „деескалација“ на трговските тензии
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > САД и Кина се согласија за „деескалација“ на трговските тензии

САД и Кина се согласија за „деескалација“ на трговските тензии

Објавено June 11, 2025 11:06
Сподели
Сподели

Соединетите Американски Држави и Кина тврдат дека во принцип се согласиле за рамка за деескалација на трговските тензии меѓу двете најголеми економии во светот, објави Би-Би-Си. Американскиот министер за трговија, Хауард Лутник, изјави дека договорот треба да доведе до решавање на ограничувањата наметнати на ретките минерали и магнети.

Двете страни изјавија дека ќе го однесат планот до своите претседатели, за одобрување. Соопштението дојде по дводневните разговори во Лондон меѓу лидерите од Пекинг и Вашингтон. Кинескиот извоз на ретки минерали, клучни за модерната технологија, беше една од главните теми на состаноците. Вашингтон и Пекинг се согласија на привремено примирје минатиот месец за трговските тарифи, но двете земји оттогаш се обвинуваат меѓусебно за кршење на договорот.

САД изјавија дека Кина е бавна кога станува збор за извоз на ретки минерали и магнети, неопходни за производство на уреди како што се паметни телефони или електрични возила. Во меѓувреме, Вашингтон го ограничи пристапот на Кина до американски стоки како што се полупроводници и други технологии поврзани со вештачката интелигенција.

„Постигнавме рамка за спроведување на консензусот од Женева“, изјави Лутник пред новинарите. „Откако претседателот ќе го одобри, ќе се обидеме да го спроведеме“, додаде тој.

Новата рунда разговори доаѓа по телефонскиот разговор меѓу Трамп и Шји минатата недела, кој американскиот претседател го опиша како „многу добар разговор“.

„Двете страни во принцип постигнаа рамка за спроведување на консензусот постигнат од двајцата шефови на држави во телефонскиот разговор на 5 јуни и консензусот постигнат на состанокот во Женева“, рече кинескиот заменик-министер за трговија Ли Ченгганг.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тим на лекари ќе се грижат за повредените пациенти во центарот за рехабилитација Пониква
Следна Статија Втор екстерен испит од државната матура, најмногу пријавени за тестот по англиски јазик

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Премиерот на Онтарио: Со насмевка на лицето ќе го прекинам извозот на струја во САД, треба да ја почувствуваат болката (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп не мораше долго да чека одговор од Канада по неговата одлука да воведе царина од 25…

March 4, 2025
БАЛКАН

(Видео) Нападнат декан на факултет во Нови Сад; Брнабиќ: Кој сака да живее во ваква држава?

На протестите во Нови Сад нападнат бил деканот на Факултетот за спорт и физичко образование во Нови Сад, Патрик Дрид,…

April 29, 2025
ЕКОНОМИЈА

Илјада денари помош за плаќање струја за граѓаните со ниски примања

За подмирување на сметките за струја и други енергенси, граѓаните со ниски примања и годинава ќе добиваат помош од државата.…

January 11, 2025
Blog

Маск го собори сопствениот рекорд на богатство – има 347,8 милијарди долари

Нето вредноста на богатството на американскиот тајкун Илон Маск достигна рекордни 347,8 милијарди долари во петокот, благодарение на континуираните добивки…

November 23, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?