Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Израел го нападна Иран и прогласи вонредна состојба
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Израел го нападна Иран и прогласи вонредна состојба

Израел го нападна Иран и прогласи вонредна состојба

Објавено June 13, 2025 08:25
Сподели
Сподели

Израел изврши серија напади врз Иран рано утринава, околу 3 часот по локално време.

Иако израелските власти соопштија дека целта на нападите биле нуклеарни и воени објекти, медиумите во Иран јавуваат дека се погодени и станбени области во главниот град Техеран, а бидејќи меѓу убиените има и цивили, вклучително и деца.

Првичните извештаи сугерираат дека со израелскиот напад му е нанесен значаен удар на Иран, а во десетиците напади низ целата земја се убиени неколку високи ирански воени личности и нуклеарни научници.

Според иранските државни медиуми, во нападите загинаа Хосеин Салами – врховен командант на Исламската револуционерна гарда, Голамали Рашид – командант на централниот штаб на Катам-ал Анбија, Ферејдун Абаси – нуклеарен научник и поранешен претседател на Иранската организација за атомска енергија и Мохамед Багери – началник на Генералштабот на вооружените сили на Иран.

По масовниот напад на Иран, израелските власти прогласи вонредна состојба, оценувајќи дека земјата очекува контранапади многу скоро. Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, ги повика граѓаните да ги следат упатствата на властите, додавајќи дека можеби ќе мора да останат во заштитени подрачја подолг временски период.

Иранското министерство за надворешни работи апелира до земјите ширум светот да ги осудат нападите на Израел, оценувајќи дека со нив глобалната безбедност се изложува на невидена закана.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека однапред бил свесен за плановите до Израел, но рече дека американската војска немала никаква врска во операцијата врз Иран. Изрази надеж дека Иран ќе продолжи со преговорите со САД за ограничување на неговата нуклеарна програма.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Законот за правична застапеност најдоцна до 24 јуни ќе помине на Влада
Следна Статија Кој беше убиен во израелскиот напад врз Иран? Воени команданти, нуклеарни научници…

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(ВИДЕО) Казнет турскиот министер за транспорт кој возел со 223 км/ч

Турскиот министер за транспорт Абдулкадир Уралоглу е казнет за пречекорување на брзината откако на социјалните мрежи објави видео на кое…

August 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Апелација пресуди дека Анѓушев бил наклеветен – одбиена жалбата на ИРЛ

Апелациониот суд Скопје денеска ја одби како неоснована жалбата на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) и на уредничката Сашка Цветковска и…

February 25, 2026
СПОРТ

Дедото на Ноле е оставен од сите

Зденко Жагар дедото на Новак Ѓоковиќ живее во белградската населба Чукарица, истакна дека ретко го гледа семејството и често е…

February 10, 2025
СВЕТ

Таа е втората дама на Америка: Ќерка е на имигранти, а цело време се држи настрана од медиумите

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера положи заклетва и ја помина церемонијата на инаугурација, а за време на истата, освен неговата…

January 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?