Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Повеќе нема да има исклучување од струја во зима – новиот закон воведува мерки против енергетска сиромаштија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Повеќе нема да има исклучување од струја во зима – новиот закон воведува мерки против енергетска сиромаштија
ЕКОНОМИЈА

Повеќе нема да има исклучување од струја во зима – новиот закон воведува мерки против енергетска сиромаштија

Објавено June 13, 2025 10:14
Сподели
Сподели

Во зимските месеци, граѓаните од ранливите категории кои не се во можност да ги платат сметките за струја нема да бидат исклучувани од електрична енергија – предвидува новиот Закон за енергетика, кој веќе е во сила. Законот, кој опфаќа околу 300 страници, го воведува и поимот „енергетска сиромаштија“ и нуди и фискални и нефискални мерки за справување со неа.

Новитетите беа презентирани на брифинг со новинарите во Едукативниот центар во Матка од страна на министерката за енергетика Сања Божиновска, заедно со претставници од ЕВН, ЕСМ и МЕПСО.

Министерката најави низа системски промени со кои Македонија треба да се усогласи со европските директиви за чиста енергија. Една од главните цели е поголема заштита на потрошувачите и нивно активно вклучување во енергетскиот пазар.

Клучни одредби од новиот закон:

Во зимскиот период, операторите нема да смеат да исклучуваат електрична енергија на граѓаните кои припаѓаат на социјално ранливи категории.

Се воведува концептот на „енергетска сиромаштија“ со механизми за нејзино намалување, вклучувајќи нефискални мерки.

Ќе се воведуваат батерии за складирање електрична енергија, а ќе се зголеми бројот на полначи за електрични возила со јасна регулатива за нивно поставување.

Секој потрошувач ќе може да го смени својот снабдувач со струја во рок од 48 часа.

До 2031 година, се очекува граѓаните да инсталираат до 80% паметни („смарт“) броила, кои автоматски и далечински ќе ја мерат потрошувачката.

Предвидено е создавање на „граѓански енергетски заедници“ – здружувања кои ќе можат заеднички да произведуваат и управуваат со електрична енергија.

Се работи и на детална инвестициона програма за следните десет години, со фокус на модернизација и дигитализација на енергетскиот сектор.

Дополнително, со законот се предвидува МЕПСО – операторот на преносниот систем – да премине под надлежност на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

„Ова е имплементација на европските директиви, особено во делот на чистата енергија и заштитата на потрошувачите. Законот носи суштински промени за сите учесници во енергетскиот систем – од производители и дистрибутери до крајни корисници“, изјави министерката Божиновска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Партизан ја освои АБА лигата
Следна Статија Репрезентативецот Димитар Митровски потпиша за Олимпија Љубљана во рекорден трансфер за словенечкиот прволигашки фудбал

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Николоски: Од Скопје до Прилеп ќе се патува за час и десет минути, до Битола за час ипол

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николсоки заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, амбасадорката на САД…

November 2, 2024
ЕКОНОМИЈА

УЈП: Нулта толеранција за корупција, презумпција на невиност за сите постапки

Управата за јавни приходи ја информира јавноста дека континуирано соработува со надлежните институции во сите случаи каде што постои сомневање…

January 17, 2026
ЕКОНОМИЈА

Николоски на терен: Придобивките од експресниот пат Градско -Дреново- Фариш се огромни за бизнисот и туризмот

Министерот за транспорт, Александар Николоски, преку видеопорака ја истакнува важноста и значењето од изградба на експресниот пат Градско -Дреново -Фариш.…

July 27, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски категоричен: Едно е сигурно, платите на функционерите нема да се зголемат

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски вели дека „едно е сигурно“, а тоа е дека функционерските плати нема да се зголемат.…

October 29, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?