Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пронајдена црната кутија од кобниот лет AI171: Еден чекор поблиску до откривање на причината за трагедијата во Индија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Пронајдена црната кутија од кобниот лет AI171: Еден чекор поблиску до откривање на причината за трагедијата во Индија
СВЕТ

Пронајдена црната кутија од кобниот лет AI171: Еден чекор поблиску до откривање на причината за трагедијата во Индија

Објавено June 13, 2025 20:37
Сподели
Сподели

Една од двете црни кутии од кобниот лет AI171 е пронајдена на местото на падот во Ахмедабад, еден ден по трагедијата во која најмалку 265 луѓе ги загубија животите. Уредот би можел да фрли светлина врз причините за трагедијата што ја потресе Индија и целиот свет.

Генералниот директорат за цивилно воздухопловство ќе го дешифрира, а потрагата по втората црна кутија продолжува.

Експертите велат дека е прерано да се шпекулира зошто овој „Боинг 787 Дримлајнер“ се урна само неколку секунди по полетувањето. Она што речиси го исклучуваат е дека авионот бил преоптоварен или имал премногу гориво.

Авионот е дизајниран така што може да лета со еден мотор, па затоа најверојатната причина за несреќата е откажување на двата мотора. А најверојатната причина за двојното откажување на моторот е удар од птица – изјави за „Гардијан“ Џејсон Најт, виш предавач по механика на флуиди на Универзитетот во Портсмут.

Компанијата „Боинг“ објави дека е во контакт со Ер Индија и е подготвена да ја обезбеди целата потребна поддршка, истакнувајќи дека ова е прва авионска несреќа на моделот „Боинг 787“.

Официјалниот број на загинати ќе биде објавен дури откако ќе се заврши идентификацијата со ДНК – изјави индискиот министер за внатрешни работи Амит Шах.

Од 242 лица во авионот, имало двајца пилоти и десет членови на кабинскиот екипаж. Меѓу патниците имало 217 возрасни, 13 деца и две бебиња. Од патниците, 169 биле индиски државјани, 53 биле британски, седум португалски и еден канадски државјанин.

Единствениот преживеан патник
Единствениот преживеан патник, Вишваш Кумар Рамеш, британски државјанин од индиско потекло, моментално е на лекување во болница. Полицијата соопшти дека седел до излез за итни случаи и успеал да скокне од авионот.

Тој рече: „Немам поим како излегов од авионот“ – рече неговиот брат Најан Кумар Рамеш, додека другиот брат Аџај починал на овој фатален лет.

Во Ахмедабад, роднините на патниците се собраа во Центарот за итни случаи за да дадат примероци од ДНК и да помогнат во идентификацијата на нивните роднини.

Премиерот на Индија, Нарендра Моди, исто така, денес го посети местото на несреќата, велејќи дека ова е „срцекршачки настан што нè остава без зборови“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Чудото на седиштето 11А: Како само едно од 242 лица ја преживеа несреќата на индискиот авион
Следна Статија (ВИДЕО) Уште една локомотива повторно во сообраќај

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Седум клучни точки од договорот помеѓу САД и Украина

Соединетите Американски Држави и Украина потпишаа договор со кој на Вашингтон му се дава пристап до дел од природните ресурси…

May 1, 2025
СВЕТ

Фицо: Украина нема да стане членка на НАТО се додека сум јас премиер

„Се додека сум на чело на словачката влада, ќе им наложам на пратениците кои се под моја контрола како претседател…

October 7, 2024
СВЕТ

(Видео) Украина со ракети „Сторм Шедоу“ нападна хемиска фабрика во Русија

Украинските сили на 21 октомври изведоа масовен напад со британски ракети „Сторм Шедоу“ врз хемиската фабрика во руската област Брјанск,…

October 22, 2025
СВЕТ

Келог: Украина може да биде поделена како Берлин по Втората светска војна

Специјалниот пратеник на САД за Украина и Русија, Кит Келог, изјави дека Украина може да биде поделена „речиси како Берлин…

April 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?