Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во вториот квартал би требало да имаме висок раст на БДП, очекува Мицкоски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Во вториот квартал би требало да имаме висок раст на БДП, очекува Мицкоски
ЕКОНОМИЈА

Во вториот квартал би требало да имаме висок раст на БДП, очекува Мицкоски

Објавено June 14, 2025 13:42
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски очекува според последните индикатори во економијата во вториот квартал да има висок раст на домашниот БДП.

Сите индикатори што се објавуваат за првиот месец од вториот квартал се вонредно високи, тоа е четврти квартал од оваа Влада, што може да укаже на тоа дека состојбата е стабилизира во рамките на нула, не велам дека имаме раст, но ако имаме предвид дека бевме длабок минус ние сме дојдени во состојба нула и сега треба да креваме, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, на новинарско прашање за послдните податоци од Државниот завод за статистика за состојбата во прометот во индустријата.

Мицкоски посочи дека има раст во преработувачката индустрија од околу 6, 6 проценти, како и дека расте прометот со трговијата во индустријата на меѓународниот пазар.

Покрај растот на трговијата во индустријата од шест проценти она што мене ме радува е што расте преработувачката индустрија од 6, 6 проценти, расте прометот со трговијата во индустријата на меѓународнот пазар значи извозот тоа е многу важно за прометот и тој многу повеќе расте од домашниот, домашниот има мислам има околу 1,5 пад, додека пак растот на прометот на трговијата во индустријата надвор е околу 7,5 проценти. Да не го заборавиме параметарот издадени одобренија за градење во ноември има 38, 9 проценти повеќе во однос на лани во април. Туристите се некаде 20-тина проценти, рече Мицкоски кој присуствуваше на манифестацијата „Од нива до трпеза“ во Општина Аеродром.

Тој оцени дека ова се охрабрувачки сигнали, и рече дека воедно е забележан и раст на кредитите од страна на правните лица.

Растот на кредитие, исто така од страна на правните лица е поголем за инвестиции во основни средства околу 16 поценти и ова се параметри кои укажуваат дека во вториот квартал би требало да имаме еден извонредно висок раст на БДП. Да не бидам погрешно сфатен кога зборувам за БДП зборувам за нашиот не зборувам дека нашиот по куповна моќ или волумен на пари е трет или четврт, но кога зборуваме за раст процентуално во однос на нашито тогаш ние во првиот квартал бевме четврти во Европа, а ако продолжат овие трендови можеме да бидеме некое место погоре, изјави Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Каква ракета е „Хаибар“ – со која Иран му се заканува на Израел и ќе го „шокира светот“?
Следна Статија СДСМ: „Пониква“ не е соодветна, власта импровизира со здравјето на повредените од Кочани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Просечната нето-плата во мај 45.796 денари

Просечната исплатена нето-плата во мај годинава изнесувала 45 796 денари што е 11 отсто повеќе во споредба со истиот месец…

July 23, 2025
ЕКОНОМИЈА

ССМ со првомајски протест за повисока минимална плата, СОНК останува на дијалог

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска со протест ќе го одбележи Меѓународниот ден на трудот, на кој ќе побара…

May 1, 2026
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Се следи состојбата на Блискиот Исток, ако треба да преземеме нешто, ќе биде во рамки на законите

Рано е да се прогнозира колку ќе трае ситуацијата на Блискиот Исток, треба да почекаме, да видиме. Состојбата се следи…

March 3, 2026
ЕКОНОМИЈА

По 17 години пауза од март повторно директна авиолинија од Скопје до Амстердам

Од март ќе биде воведена директна авиолинија од Скопје до Амстердам. Аеродромот „Шипхол“ и скопскиот аеродром ќе бидат поврзани со…

December 23, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?