Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ВЛАДАТА ПЛАНИРА МЕРКИ ЗА ЦЕНИТЕ Ќе ги активира зависно од триковите на трговците
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > ВЛАДАТА ПЛАНИРА МЕРКИ ЗА ЦЕНИТЕ Ќе ги активира зависно од триковите на трговците
ЕКОНОМИЈА

ВЛАДАТА ПЛАНИРА МЕРКИ ЗА ЦЕНИТЕ Ќе ги активира зависно од триковите на трговците

Објавено June 14, 2025 15:49
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека се следи состојбата со цените и најавува дека ќе се преземат мерки доколку има непринципиелни однесувања од страна на трговците.

– Состојбата со цените апсолутно ја следам одблиску, реков дека нема да толерирам трикови, внимателно следиме што се случува во маркетите и се разбира доколку има одредени непринципиелни однесувања што јас ги нарекувам трикови ќе делуваме. Инаку имаме во план да носиме мерки, со кои јавноста ќе биде запознаена благовремено – рече Мицкоски на новинарско прашање при присуството на манифестацијата „Од нива до трпеза“ во општина Аеродром.

Тој најави дека Владата ќе го разгледа Извештајот на Државниот пазарен инспекторат што го изготви за состојбата со цените по завршувањето на владините мерки по што ќе излезе со став во јавноста.

Мицкоски, во коментар за растот на цените во маркетите и на пазарите меѓу кои и на црешите, рече дека нивната цена е висока поради временските состојби, истакнувајќи дека очекува истото да се случи и со јаболката.

– Нивната цена не е 500 денари, туку од 200 до 300 денари по килограм, но и тоа е многу. Тоа е така поради студот, тоа што беше елементарна непогода за црешите, истото го афектираше и ресенското јаболко, иако оваа година очекувавме и таму голем род, за жал, тоа нема да се случи, ќе биде преполовено, ако не и трипати намалено поради неколкуте недели кога имаше ниски температури. Ретка е понудата на трпезата, очекувам истото да се случи и со јаболката кога ќе дојде редот – изјави Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Општина Центар планира да спушти рампа за возилата во Дебар маало: Проектот би траел 6 месеци
Следна Статија Турците најавија „трансфер бомба“: Митровиќ во Фенербахче

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мексиканска синџир на ресторани затвора локации без банкрот

Синџирот на мексикански ресторани затвора повеќе локации по евалуација на нивното портфолио

January 26, 2026
ЕКОНОМИЈА

По 17 години пауза од март повторно директна авиолинија од Скопје до Амстердам

Од март ќе биде воведена директна авиолинија од Скопје до Амстердам. Аеродромот „Шипхол“ и скопскиот аеродром ќе бидат поврзани со…

December 23, 2024
ЕКОНОМИЈА

Нови членови од Управниот и Надзорниот одбор купуваат акции од „Гранит“

Членовите на Управниот одбор и Надзорниот одбор на ГД Гранит АД Скопје се стекнаа со акции од издавачот на хартии…

November 8, 2025
ЕКОНОМИЈА

БрејнКо технолошки стартап поднесе доверлив документ за IPO во Хонг Конг

БрејнКо поднесе доверлив документ за јавна понуда, станувајќи првата компанија од 'Ханџоу шесторката' која ќе котира на берза

January 13, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?