Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нема драстично зголемување на цените на основните прехранбени производи, смета Дурмиши
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Нема драстично зголемување на цените на основните прехранбени производи, смета Дурмиши
ЕКОНОМИЈА

Нема драстично зголемување на цените на основните прехранбени производи, смета Дурмиши

Објавено June 14, 2025 15:49
Сподели
Сподели

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши смета дека нема драстично зголемување на цените на основните прехранбени производи и тврди дека пазарните инспектори ги следат состојбите во целиот ланец од производство до малопродажба.

Дурмиши истакна дека по завршување на мерките на 30 април, во текот на цел мај, Државниот пазарен инспекторат ги следел цените во маркетите, дистрибутерите и производителите, за да се утврди дали има зголемување на цените, особено на основните прехранбени производи.

-Нема драстично зголемување на цените во делот, каде што ние сме надлежни, во делот на прехранбени основни производи. Секој месец Државен пазарен инспекторат ќе биде на терен ќе гледа, ако случајно се случува да имаме зголемување енормно без економски оправданост од трговците на цените, нормално дека ќе донесеме пак одлуки и тоа сум кажал и во други изјави дека ќе донесеме поригорозни мерки од тоа што сме ги презеле досега, рече Дурмиши одговарајќи на новинарски прашања во Тетово каде беше организирана средба со граѓани со цел промоција на новиот Оперативен план за вработување за 2025 година.

По предлогот на Министерството за економија и труд, Владата изгласа на 20 февруари мерка која траеше до 30 април со која имаше ограничување на маржи за 100 групи на производи, а „замрзнување“ на цени за осум производи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Деветти „Марш за ангелите“ во Кочани
Следна Статија Младинците на Пелистер поразени во полуфиналето од ГОГ Гудме

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Усвоен Законот за енергетска ефикасност: пониски сметки, почист воздух и европски стандарди

Собранието на Република Македонија на последната седница го усвои Законот за енергетска ефикасност, подготвен од Министерството за енергетика, рударство и…

September 17, 2025
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска Кочоска: Во првиот квартал еврообврзница во два дела од по 500 милиони евра со различна рочност

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска денеска потврди дека во првиот квартал годинава ќе биде издадена нова еврообврзница која ќе…

January 5, 2026
ЕКОНОМИЈА

Славески за „Топ 100 извозници“: Новите трговски политики и продолжената светска неизвесност се јасен потсетник за важноста на силните домашни економски фундаменти

„Во услови на зголемена светска неизвесност и променлива економска средина, силните домашни економски фундаменти се клучот за зачувувањето на стабилноста…

November 20, 2025
ЕКОНОМИЈА

МФ: „Стандард и пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на земјата, економскиот раст останува приоритет

Кредитната агенција „Стандард и пурс“ во најновиот извештај го потврди кредитниот рејтин на земјата ББ- со стабилен изглед, што воедно…

July 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?