Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вицегувернерката Нацевска на конфереција во Црна Гора: СЕПА – двигател на конвергенцијата со ЕУ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Вицегувернерката Нацевска на конфереција во Црна Гора: СЕПА – двигател на конвергенцијата со ЕУ
ЕКОНОМИЈА

Вицегувернерката Нацевска на конфереција во Црна Гора: СЕПА – двигател на конвергенцијата со ЕУ

Објавено June 15, 2025 17:22
Сподели
Сподели

Вицегувернерката на Народната банка, Емилија Нацевска, учествуваше на панел дискусијата „СЕПА и земјите од Западен Балкан: Катализатор за приближување кон ЕУ и пристап до Единствениот европски пазар“, којашто се одржа во рамки на конференцијата „Финансиска и монетарна стабилност на регионот во услови на континуиран слаб економски раст на еврозоната“, во Бечиќи, Црна Гора. Настанот го организираа Министерството за финансии, Управата за јавни приходи и Централната банка на Црна Гора.

Во своето излагање, вицегувернерката Нацевска нагласи дека пристапувањето на земјава во Единствената област за плаќање во евра (СЕПА), претставува стратешки чекор кон економска и финансиска конвергенција со Европската Унија, со значајни импликации за конкурентноста, финансиската вклученост и модернизацијата на домашниот финансиски систем.

„СЕПА не го менува само начинот на кој се вршат плаќањата – таа го менува и прашањето кој ги врши, и под кои услови. Тоа го отвора патот за влез на нови учесници, вклучително и финтек компании, што може суштински да ги променат очекувањата на корисниците и да ја засилат конкуренцијата“, истакна Нацевска.

Таа посочи дека оваа трансформација е резултат на усогласената домашна со европската регулатива, што создава фер и транспарентна основа за делување на банките и финтек компаниите. Во вакво отворено и конкурентно окружување, банките ќе бидат мотивирани да инвестираат во инфраструктура, безбедност, дигитални канали и иновации – што, според Нацевска, е суштинска основа за зголемување на отпорноста и релевантноста на банкарскиот систем во дигиталната ера.

На панелот беше истакната и улогата на СЕПА како механизам за надминување на ограничувањата од традиционалните кореспондентски релации, со што се овозможува побрзо и поевтино извршување на прекугранични плаќања во евра, особено значајно за дијаспората и малите компании.

„Полноправното учество на сите банки – и големи и мали – во СЕПА екосистемот е од суштинско значење за вистинска конвергенција. Затоа е важно да се обезбеди директен пристап за централните банки од земјите од Западен Балкан до платежната инфраструктура на Евросистемот, како TIPS и T2“, рече Нацевска, додавајќи дека токму тука регионалната соработка може да даде дополнителен импулс.

Во заклучок, вицегувернерката подвлече дека СЕПА не треба да се гледа само како техничка или регулаторна интеграција, туку како реален мотор за забрзување на европската конвергенција на Западен Балкан – преку иновации, конкурентност, подобра услуга за граѓаните и компаниите и силна дигитална трансформација.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија СДСМ: Нема правда без одговорност на Тошковски и Јанев, актуелната власт е виновна за Кочани
Следна Статија Череп и коски слични на човечки пронајдени во штипско

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

По неколкумесечна борба, Сојузот на стопански комори доби нов претседател

Сојузот на стопански комори на Македонија од денеска има ново раководство. Централниот регистар го заведе Горан Ѓорѓиевски како нов претседател…

September 15, 2025
ЕКОНОМИЈА

Поскапуваат горивата

Горивата од полноќ поскапуваат од пола до денар и пол. Дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат за пола…

January 20, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: За две недели ратификација на Договорот за стратешко партнерство, од есен почеток на градежните работи

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој во Лондон го потпиша Договорот за стратешко партнерство, очекува за две недели…

May 23, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Според ДЗС за 7.000 граѓани е зголемена вработеноста во третиот квартал, споредбено со лани

Третиот квартал оваа година, споредено со третиот квартал минатата година, има седум илјади и повеќе вработени на сметка на седум…

December 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?