Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Славевски: Стабилниот и одговорен банкарски сектор како неопходна потпора за економијата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Славевски: Стабилниот и одговорен банкарски сектор како неопходна потпора за економијата
ЕКОНОМИЈА

Славевски: Стабилниот и одговорен банкарски сектор како неопходна потпора за економијата

Објавено June 16, 2025 09:17
Сподели
Сподели

 Во услови на светска неизвесност и постојани економски предизвици, воспоставувањето стабилен, добро капитализиран и одговорен банкарски сектор претставува суштинска потпора за граѓаните и за развојот на домашната економија. Ова беше една од централните пораки на средбата помеѓу гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески и раководството на Македонската банкарска асоцијација (МБА) – претседателката, д-р Маја Стевкова Штериева и заменик-претседателот, м-р Бојан Стојаноски.

На средбата беше нагласено дека одржувањето на стабилноста на банкарскиот сектор е заеднички приоритет и предуслов за градење долгорочна доверба кај граѓаните и кај стопанството. Гувернерот Славески истакна дека банкарскиот сектор кај нас е добро капитализиран, со стапка на адекватност на капиталот од 19%, што овозможува отпорност и во услови на евентуални шокови. Воедно, беше потцртано дека Народната банка е активно вклучена во унапредувањето на регулативата преку свој придонес во подготовката на новиот Закон за банките, како и во доследното спроведување на Законот за решавање банки, заради понатамошно зајакнување на стабилноста и усогласеноста со европските стандарди.

– Народната банка преку добро поставените политики обезбедува стабилна и предвидлива средина. Тоа е предуслов за банките да ги исполнат очекувањата на граѓаните и компаниите – со сигурни, достапни и со квалитетни услуги, рече гувернерот.

Посебен акцент беше ставен на потребата од натамошно унапредување на конкуренцијата во платниот промет, особено преку финтек-иновации и нови технологии. Во таа смисла беше отворено и прашањето за напредокот во пристапувањето на банките кон Единствената област за плаќања во евра (СЕПА). Беше нагласено дека крајниот рок за поднесување на барањата е 5 октомври оваа година и дека се очекува од банките да ги засилат активностите за навремено исполнување на оваа важна стратегиска цел, со која ќе се подобри интеграцијата и ефикасноста на прекуграничните плаќања.

Во однос на монетарната политика, гувернерот истакна дека Народната банка внимателно ги следи движењата на внатрешните и надворешните фактори на ризик. Секоја идна одлука за основната каматна стапка ќе биде донесена врз основа на детални макроекономски анализи, со цел да се зачува ценовната стабилност и да се поддржи економската активност.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вучиќ призна дека мора да се врати во форма: Глумам дека вежбам, но Србија е на вистинскиот пат (ВИДЕО)
Следна Статија Ѓоковиќ од септември со семејството ќе живеe во Атина!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Јапонските акции растат, обврзниците имаат цврста побарувачка: Преглед на пазарите

Акциите во Европа и Азија ја поставија основата во четвртокот, додека идните индекси на САД одржаа добивки додека трговците се…

December 5, 2025

Акциските фјучерси мирно стојат пред извештајот за вработеноста и потенцијалната тарифна пресуда

Трговците очекуваат извештај за вработеноста во декември и можна Врховна судска пресуда за тарифите

January 10, 2026
ЕКОНОМИЈА

Ако се зголеми границата за пензионирање на 67 години, луѓето би живееле во пензија само шест години, вели Јовановиќ

Универзитетскиот професор Бранимир Јовановиќ од Виенскиот институт за меѓународни економски студии е против предлогот за зголемување на границата за пензионирање…

December 3, 2024
ЕКОНОМИЈА

Трамповото семејство продаде голем дел од криптокомпанијата на emirates инвеститори

Инвестицијата во вредност од проценети 500 милиони долари им даде на Emirates-поддржани инвеститори 49 проценти од World Liberty Financial, криптокомп

February 3, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?