Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Орбан: Кога десницата ќе ја преземе ЕУ, ќе ја направи Европа повторно силна и богата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Орбан: Кога десницата ќе ја преземе ЕУ, ќе ја направи Европа повторно силна и богата
СВЕТ

Орбан: Кога десницата ќе ја преземе ЕУ, ќе ја направи Европа повторно силна и богата

Објавено October 6, 2024 20:15
Сподели
Сподели

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека сега е засилена десничарската група во Европскиот парламент – Патриоти за Европа, и дека десницата се обединува во Европа, која, според него, кога ќе ја преземе политиката на ЕУ, повторно ќе ја направи Европа голема, силна, сигурна, богата и слободна.

Нема да застанеме. На крајот на борбата, Париз ќе ја промени политиката, ќе ја вратиме Варшава и ќе станеме најголемата политичка сила во Европа. Тогаш ќе ја преземеме политиката на Брисел и повторно ќе ја направиме Европа голема, силна, сигурна, богата и слободна, напиша Орбан на платформата „Икс“.

Тој истакна дека десницата не треба да се повлекува од Брисел, туку треба да го заземе и да им го врати на народите на Европа.

Орбан потсети на досегашните успеси на десницата во Европа, вклучувајќи ги победите во Италија, Холандија, Австрија и Чешка, како и формирањето на групата во Европскиот парламент – Патриоти за Европа, која е трета по големина во ЕП.

Оваа група беше формирана во јули, по изборите за ЕП во јуни, и ја сочинуваат пратеници од партијата на Орбан, Фидес, францускиот Национален собир и белгискиот Фламански интерес.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Жена предизвикала пожар додека готвела
Следна Статија Поплавата предвреме ги одвои од синот: Брачна двојка загина во Јабланица

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Бура Дара: Силни ветрови од 113 км/ч низ Велика Британија

Британската Национална метеоролошка служба издаде предупредување за силни ветрови што ја погодија земјата по бурата Дара. Во најголемиот дел од…

December 8, 2024
СВЕТ

Нацистички знамиња се појавија во Стокхолм на роденденот на Хитлер

Три нацистички знамиња со кукасти крстови беа поставени на влезот на автопат во областа Есингеледен во Стокхолм, главниот град на…

April 22, 2025
СВЕТ

Разорен земјотрес во Мјанмар: тресеше и во Тајланд на 1000 километри од епицентарот (ВИДЕО)

Два разорни земјотреси утрово го погодија Мјанмар. Првиот земјотрес со јачина од 7,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран на…

March 28, 2025
СВЕТ

Полицијата во Абу Даби уапсила 109 лица за ширење лажни информации за војната на Блискиот Исток

Полицијата во Абу Даби денеска соопшти дека уапсила 109 лица за снимање и ширење лажни информации за војната на Блискиот…

March 20, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?