Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Онлајн аплицирање за средно училиште – поради преоптоварување веб-страницата е често блокирана
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Онлајн аплицирање за средно училиште – поради преоптоварување веб-страницата е често блокирана
МАКЕДОНИЈА

Онлајн аплицирање за средно училиште – поради преоптоварување веб-страницата е често блокирана

Објавено June 16, 2025 22:10
Сподели
Сподели

Првиот уписен рок во средните училишта се одвива со потешкотии. Полуматурантите, кои сакаат онлајн да аплицираат за средно образование, велат дека се соочуваат со системски блокади. Поради тоа, заедно со своите родители, дошле да побараат помош во училиштата каде што сакаат да аплицираат. Во информатичкиот кабинет на средното училиште „Цветан Димов“ во Скопје, професорите им помагаат на учениците да ги пополнат апликациите, што не можеле да ги пополнат од дома, информира ТВ 21.

-Искрено, утрово имавме неколку технички проблеми, се чини дека страницата беше преоптоварена и имаше многу апликации од сите ученици што аплицираа и одземаше повеќе време, но во моментов страницата е целосно функционална, не трае повеќе од 3-5 минути-вели Бесир Шабани, наставник.

Иако рокот за упис истекува утре, учениците следната недела ќе имаат втор, но и уште еден дополнителен рок на крајот на август.

Од Министерството за образование велат дека нема значителни проблеми со платформата за електронски услуги, но преоптоварувањето со бројни апликации понекогаш привремено го блокира системот.

„До овој момент има 10.600 апликации. Меѓу 16-17 илјади ученици се очекува да се запишат во средно образование во првиот уписен рок. Нема никаков проблем со системот, бројот на апликации тоа го потврдува. Има ученици кои ја заборавиле лозинката на профилот на schools.mk, па се обраќаат до МОН за поддршка“, велат од МОН.

Веќе неколку години, апликациите за новата учебна година се поднесуваат преку електронската платформа од страна на учениците, но бидејќи роковите за упис се ограничени истовремено за целата земја, зголемениот проток на апликации предизвика проблеми.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пијан скопјанец се заби во паркирано возило на Комаров
Следна Статија Две години суспензија за грчки АЕК, ама и парична казна за Алкалоид

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Скопје vs Љубљана

Новинарот на Канал 5, Александар Видиновски направи споредба меѓу Скопје и Љубљана. Освен што се светлосни години понапред еве како…

September 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Герасимовски: Започна проектот „Цел Центар на точак”, аплицирајте за субвенција до 3.000 денари

Општина Центар распиша Јавен повик за доделување на поединечни субвенции за купување велосипеди, е-велосипеди, е-тротинети и дополнителна опрема. Центарци ќе…

March 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Агелер: „Брз одговор 2025“ е јасен доказ за блиското и растечко партнерство меѓу двете држави

Вежбата, како што се наведува денеска во соопштението на Амбасадата на САД, ја тестира способноста на НАТО да одговори на…

May 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Ако продолжи Владата вака да функционира, очекувам дека бројот на иселувања ќе се намали

Министерството ќе направи сѐ за да ги задржи студентите. Даваме стипендии, водиме грижа за студентскиот стандард. Во првите сто дена…

October 3, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?