Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Радев: Бугарија нема да постави услови надвор од договорот, преговарачката рамка и двата протокола
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Радев: Бугарија нема да постави услови надвор од договорот, преговарачката рамка и двата протокола
МАКЕДОНИЈА

Радев: Бугарија нема да постави услови надвор од договорот, преговарачката рамка и двата протокола

Објавено June 16, 2025 22:13
Сподели
Сподели

Има Договор за добрососедство, пријателство и соработка од 2017 година и во него има два протокола. Има преговарачка рамка од 2022 година, европски консензус на сите земји членки и од власта на Северна Македонија, така што Бугарија никогаш не поставила и нема да постави услови надвор од тој договор, надвор од преговарачката рамка и надвор од двата протоколи.

Ова го изјави бугарскиот претседател Румен Радев, одговарајќи на новинарско прашање дали Бугарија има цврста гаранција дека нема повеќе да има никакви условувања доколу Бугарите влезат во Уставот на Македонија.

– Ние сакаме час поскоро се што стои во тие документи да се запази. Тоа што сакаме да го видиме е навистина запазување на човековите права. Станува збор за човекови права, чекаме трета година да се отвори процесот на присоединување и да почнат преговори со Северна Македонија и со промени во Уставот. Моето прашање е зошто тоа не се случува, изјави Радев, по денешната заедничка прес-конференција со претседателката на Македонија Гордана Сиљановска – Давкова и албанскиот претседал Бајрам Бегај, кои учествува на Самитот на шефови на држави и влади на учесниците во Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ).

На прес – конференцијата Радев упати порака дека не станува збор за вето или успорување на процесот од соседна земја.

– Зборуваме за внатрешни предизвици поврзани со човековите права и владеењето на правото. Уште еднаш сакам да ве уверам дека Бугарија како најблиска пријателска земја има желба, е подготвена и пружа рака да биде од помош за да може вашето раководство во државата и општеството со забрзан чекор да ги примени и спроведи Копенхашките критериуми. Тоа сето е насочено кон иста цел сите земји да се приклучат и да станат членки, истакна бугарскиот претседател Радев.

Сакам да ве уверам дека Бугарија како долгогодишен член на ЕУ и иден претседавач со оваа иницијатива, посочи тој, со конструктивна надворешна политика ги поддржува процесите за да станеме уште поблиски за интеграција во ЕУ и ќе биде конструктивен и одговорен партнер во постигнувањето на заедничката иднина за сите граѓани од регионот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Жена во бессознание пренесена во болница, откако ја удрило струја додека чистела низ двор
Следна Статија Сиљановска – Давкова од Тирана: Посериозна препрека е билатерализацијата на интегративниот процес од самите балкански соседи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски со говорот на „CPAC“ ги докажа одличните односи меѓу САД-Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски се обрати на конференцијата CPAC – големиот десничарски настан кој се одржува во Вашингтон, а на кој…

February 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Владата прогласи кризна состојба поради неможноста за набавка на мазут, ќе трае 7 дена

Владата на денешната редовна 138 владина седница, на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување…

December 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Опасноста од излевање на Вардар и Треска е реална

Утрово сѐ уште е исклучително висок водостојот на реката Вардар во горното течение и сѐ уште постои опасност од излевање…

February 16, 2026
МАКЕДОНИЈА

Ултиматум од „Маршот за ангелите“: Од 3 октомври нема веќе маршеви, туку блокади и протести

Институциите во Република Македонија имаат рок до 3 октомври. Нема да има повеќе мирни маршеви, туку протести и блокади. Ова…

September 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?