Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (Видео) Израел ја погоди зградата на иранската државна телевизија, програмата прекината
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > (Видео) Израел ја погоди зградата на иранската државна телевизија, програмата прекината
СВЕТ

(Видео) Израел ја погоди зградата на иранската државна телевизија, програмата прекината

Објавено June 17, 2025 08:19
Сподели
Сподели

Одбранбените сили на Израел (ИДФ) извршија напад врз информативната мрежа на Исламската Република Иран (ИРИНН), која ја води државната медиумска куќа, ИРИБ.

На „Икс“ се појави видео на кое се гледа програмата на таа иранска државна телевизија. Програмата била прекината во моментот на ударот. Пред тоа, можете да се види како нешто почна да паѓа во студиото и водителката бега од кадарот. Некој на видеото потоа извикува „Алах Акбар“.

🚨🚨 Moment Iranian television was struck by Israeli airforce pic.twitter.com/auan6THShy

— Amichai Stein (@AmichaiStein1) June 16, 2025

Програмата продолжи извесно време по ударот

Државната телевизија на Исламската Република Иран (IRIB) повторно емитува во живо, откако неколку минути беше исклучена од етерот поради израелскиот напад, јавува BBC Persian.

На екранот сега се прикажува порака дека „сите програми продолжуваат во живо без прекин“, додека друг текст вели дека Израел „погоди една од зградите на иранската државна телевизија во брутален напад“.

Нападот се случи откако израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека „иранскиот мегафон на пропаганда и поттикнување е на пат кон исчезнување“.

Кац изјави и дека евакуацијата на жителите од околните населби веќе е започната.

Претходно истиот ден, според иранските медиуми, израелските сили нападнале и воена база во западен Техеран.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија По вчерашната серија, ноќеска регистриран уште еден земјотрес во Охридско-струшкиот регион
Следна Статија Марјан Илиевски нов селектор на македонската кошаркарска репрезентација

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(ВИДЕО) Се сруши хотел „Дубровник“ во Аргентина, има загинати

Хотелска зграда од 10 ката се урна во денеска рано наутро во крајбрежниот град Вила Гесел во аргентинската провинција Буенос…

October 29, 2024
СВЕТ

Изнајмувач на Airbnb со вештачка интелигенција креирал штети во станот и барал 12.000 фунти отштета од станарката

Жена од Лондон добила извинување и поврат на средства од речиси 4.300 фунти од компанијата Airbnb, откако домаќин во Њујорк…

August 3, 2025
СВЕТ

Мадуро прогласи вонредна состојба во Венецуела по експлозиите во Каракас

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро прогласи вонредна состојба во земјата по експлозиите што одекнаа рано изутрината во главниот град Каракас.…

January 3, 2026
СВЕТ

Уапсениот градоначалник на Истанбул денеска пред суд, масовните протести продолжуваат

Демонстранти трета ноќ по ред излегоа на улиците низ Турција барајќи од владата оставка поради притворањето на градоначалникот на Истанбул…

March 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?