Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: До 10 јули треба да бидат пуштени првите 40 километри од автопатот Кичево-Охрид
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > До 10 јули треба да бидат пуштени првите 40 километри од автопатот Кичево-Охрид
ЕКОНОМИЈА

До 10 јули треба да бидат пуштени првите 40 километри од автопатот Кичево-Охрид

Објавено June 17, 2025 13:40
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека се работи првите 40 километри од автопатот Кичево-Охрид да бидат пуштени до 10 јули, а до крајот на месецов и експресната делница Дреново-Фариш.

На новинарско прашање  при денешната посета на Битола Мицкоски рече дека реализацијата на четирите автопати во изградба (Кичево-Охрид, Гостивар-Букојчани, Гостивар-Тетово и Прилеп Битола) во должина од 150 километри, во првите четири месеци од годинава споредено со минатата година е четирипати поголема, истакнувајќи дека очекува да биде осумпати поголема во вториот и во третиот квартал.

– Во делот на автопатот Кичево-Охрид очекувам на почетокот на јули, ќе доциме две недели од она што го кажавме пред една годинаа, можеби можевме да го завршиме порано 10-ина дена. Таму секој ден на терен се и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) и министерот за да ја стигнеме динамиката некаде до 10 јули да биде пуштена делницата од Врбјани до Охрид со исклучок на делот кај Ботун, четири-пет километри каде има свлечиште кое треба да се санира. Значи, ќе бидат ставени во функција 40-ина километри. Исто така, тука имаме доценења во делот на проектирањето на свлечиштата што треба да се санираат, но мислам дека успеавме да ги мотивираме компаниите да го фатат рокот и патот целосно да го пуштиме до крајот на 2026, почетокот на 2027 година, изјави Мицкоски.

На автопатот Прилеп-Битола најави дека до крајот на месецов ќе бидат завршени имотно-правните работи на над 80 проценти од трасата, таму се заокружени  истрагите поврзани со пронаѓање на експлозивни направи. – Важно е што се следи, рокот се забрза за разлика од состојбата од пред една година кога беше до никаде, сега веќе е отворен фронт од 20-ина километри. Се работи и ќе биде испочитуван рокот кој е дел од Договорот, рече Мицкоски. 

Според него, отворен е поголем фронт за работа и на автопатот Гостивар-Букојчани, каде веќе се готови носачите од Гостивар кон Стража, а во најголем дел е пробиена трасата. Работите одат во една солидна динамика, а надмината е пречката со ноѓалиштата од античко време, така што, додаде, очекувам и тука да имаме исклучително голема рализација. -Во првите четири месеци од годинава реализацијата на автопатите споредено со минатата година е четирипати поголема, а очекувам да биде осумпати поголема во вториот и во третиот квартал, посочи премиерот Мицкоски. 

Во фаза на претквалификација е патот Букојчани-Кичево и тука, дополни, го задвиживме процесот, отворен е поголем фронт за работа на Тетово-Гостивар, некои 10-ина, 15 километри, и имотно-правно и трасирањето.

Како што најави Мицкоски, се очекува до крајот на месецов да биде пуштена делницата Дреново-Фариш на  експресниот пат Градско-Прилеп откако е решена состојбата со карпата  и се расчистува патот.

Премиерот најавува и дека во општините ќе има нови 1200 градилишта со инфраструктурните пректи од двата повика на Владата. 

– Кога сето ова ќе се спореди со летаргијата што фукционираше изминатите години – Битно е да крадеме, а не да градиме,  тогаш мислам дека се чувствува разликата и поместувањето во позитивна насока, изјави Мицкоски.

При вонредниот надзор  на вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски, на 14 и 15 месецов над активностите за изградба на автопатот Кичево-Охрид  било констатирано дека градежните работи се одвиваат со силен интензитет, согласно новиот динамички план за изградба на автопатот. Исто така било утврдено дека наследените проблеми со експропријацијата, дислокација на водовите како и косините се решаваат во континуитет согласно планираната динамика.

Според  ЈПДП, забрзано тече изградбата на пристапните патишта од: Врбјани до Сливово, Сливово-Арбиново, Арбиново-Издеглавје, Издеглавје-Песочани, Песочани-Ново Село, Ново Село-Ботун, како и изградбата на пристапни патишта до село Горенци и село Оровник. – Се изведува последната фаза пред асфалтирање и градежни активности на клучките Арбиново и Издеглавје, се поставува жичана ограда и еластична ограда, а кај Климештани е завршена десната страна и пуштена под времен режим на сообраќај и сега започнуваат активности на лева страна од главната траса. Започната е првата фаза на клучка Требеништа, а интензивно се работи од Подмоље до х. Амасадор на изградба на столбови за натпатник, изградба на потпорен ѕид, како и на изградба на фекална и атмосферска мрежа. Се работи и на натпатникот кај Св. Еразмо, но и на левата страна од Подмоље до Охрид каде се поставува еластична ограда во средишниот дел, а се вршат и припремни работи за асфалтирање на десната страна од главна траса, изјавија за МИА од Јавното претпријатие за државни патишта.

Извештајот од надзорот за прогрес на работите за автопатските делници на коридорите 8 и 10д што ги гради конзорциумот „Бехтел“ и Енка“ за периодот од 1 до 30 април годинава покажува дека се завршени 95 проценти од проекциите за експропријација за автопатската делница Тетово-Гостивар, 46 проценти за Гостивар-Букојчани,  а 78 проценти за делницата Прилеп-Битола. За делницата Букојчани-Гостивар се реализирани 73 проценти од геотехничките истражувања, а за Прилеп-Битола 63 проценти. Надзорот регистрира напредок  од 60 проценти на работите за спецификација и проектирање на автопатот Тетово-Гостивар,  од 30 проценти за Букојчани-Гостивар,  а од 49 проценти за Прилеп-Битола.

Од градежните активности на трите делници (Тетово- Гостивар, Гостивар-Букојчани и Прилеп-Битола) се земјани работи на главна траса, изградба на пропусти, армирање и бетонирање на мостови, регулирање на времени сообраќајни режими, се вршат ископи и се изведува заштита на косини. 

На „Бехтел и Енка“ досега се исплатени вкупно 301.088.222,79  евра. Во април годинава, според Извештајот на надзоорт, имало две исплати од државата преку ЈПДП, од  599.794.350 денари, на 22-ри, и од 524.972.228 денари на 30-ти.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Премиерот на бугарската „слаткоречивост“ не ѝ верува
Следна Статија Истепал и влечел девојче по улица, кога дошла полицијата, се заканил дека ќе ги нападне со секира и тесла: предложен притвор за 23-годишен велешанец

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Готовината сѐ уште доминантен метод за плаќање при онлајн нарачките

Народната банка ги објави новите податоците за платежната статистика за трите квартали од 2024 година кои покажуваат постојан тренд на…

January 10, 2025
ЕКОНОМИЈА

Славевски: Стабилниот и одговорен банкарски сектор како неопходна потпора за економијата

 Во услови на светска неизвесност и постојани економски предизвици, воспоставувањето стабилен, добро капитализиран и одговорен банкарски сектор претставува суштинска потпора…

June 16, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Македонија стана дел од Единствената европска платежна област

Македонија стана дел од Единствената европска платежна област (SEPA – Single Euro Payments Area), информира премиерот Христијан Мицкоски. -Тоа подразбира…

March 6, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Имаме три варијанти за брза пруга, набрзо ќе ја избереме најдобрата траса

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во гостувањето во Топ Тема на ТВ Телма истакна дека…

November 18, 2024
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?