Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ постоела, постои и ќе постои за нашата единствена и најголема кауза -МАКЕДОНИЈА!
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ постоела, постои и ќе постои за нашата единствена и најголема кауза -МАКЕДОНИЈА!
ПОЛИТИКА

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ постоела, постои и ќе постои за нашата единствена и најголема кауза -МАКЕДОНИЈА!

Објавено June 17, 2025 21:43
Сподели
Сподели

Денес кога ја одбележуваме јубилејната година од основањето на нашата партија ВМРО-ДПМНЕ, на денот кога го славиме не само бројот на годините, туку и патот што го минавме како народ и како политичка сила, се чувствувам повикан и обврзан да зборувам за она што сме, што бевме и што ќе бидеме. Овој ден не е само празник, туку повик на одговорност, повик на надеж и повик на заедништво, рече Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ е продолжение на историското ВМРО, ние сме оние што ја продолжуваме таа светла и чесна мисија истакна лидерот на партијата.

-ВМРО-ДПМНЕ е продолжение на историското ВМРО, основано во 1893 година, кога нашиот народ, иако под туѓи потчинувања и под притисоци, се бореше за свој идентитет, за слобода, за правда. Ние сме оние што ја продолжуваме таа светла и чесна мисија, кои не ги забораваме корените, ни темелите на кои е изградена македонската државност. Не треба никој да заборави дека тоа се темели изградени со човечки страдања, со крикот на илинденците и победата на АСНОМЦИТЕ, со заветот на комитите и војводите, со плејадата мажи и жени кои гинеле за нашата слобода, кои поразите ги надминувале со пркост, а до победите доаѓале со надеж и непобедлива волја. Она што оваа партија ја разликува од другите е нејзината непоколеблива вера во народот, во неговите вредности и во правдата како наш најсилен стожер, истакна Мицкоски и додаде:

„Затоа овие бели и мудри глави кои денес се заедно со нас, но и многумина кои веќе не се со нас, но чие дело го паметиме, ја потврдуваат историската грамадност на оваа организација која постела, постои и ќе продолжи да постои за нашата единствена и најголема кауза -МАКЕДОНИЈА!“

-Во растежот на партијата, во нашите порази и победи се вклучени многу наши браќа и сестри. И оние кои се наши истомисленици, но и оние кои размислувале различно, но сепак ги споделуваат нашите идеи и во чии срце е ВМРО, сакам да испратам благодарност за нивната преданост и нивната искрена желба за Македонија. ВМРО-ДПМНЕ за многумина е партија, но и за многумина од нас е пред се идеја што не запира и вредности кои носат промени. Тие промени ја донесоа независноста, таа жед за своја држава донесе да учествуваат во создавањето на темелите на државата, кои многупати потоа беа силно разнишувани, разјадувани и уништувани. Но ние не се откажвме. Затоа што верувавме во нашата идеологија и затоа што си ја сакаме нашата татковина, рече претседателот на партијата во своето обраќање.

Последните 7 години беа години на катастрофално владеење од страна на ДУИ и СДСМ рече меѓудругото во својот говор Мицкоски.

-Периодот што го оставивме зад себе не беше лесен. Последните седум години, до лани, беа години на катастрофално владеење од страна на СДСМ и ДУИ, полно со корупција, предавства и разнишување на нашите институции. Институции кои беа столбови на државата, за жал беа рушевини. Вербата на народот беше разнишана, економијата заглавена, политичарите потонати во корупција, стандардот на граѓаните падна. Луѓето беа разочарани, уморни, полни со апатија, страв и неизвесност. И токму поради ова, нашиот влез во власта пред една година беше повеќе од промена на една обична владина гарнитура. Тоа беше нов почеток и потврда дека народот не заборавил, дека народот не се откажал, и дека сега почнуваме да градиме темели – темели на промени, темели на чесност, темели на работа и правда, рече Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија 35 години од формирањето на ВМРО-ДПМНЕ, “Идеја што не запира, вредности што носат промени”
Следна Статија Претседателот на УО Андреја Јосифовски купи акции од Макпетрол А.Д. – Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Филипче: Цените oтидоа во плафон, не можат луѓето да живеат повеќе

Само СДСМ е тој кој ќе може да се спротивстави на ВМРО–ДПМНЕ и никој друг, порача претседателот на СДСМ, Венко…

September 26, 2025
ПОЛИТИКА

Фаризи: Таравари како “Леси ќе се врати дома” по локалните

Политичкиот аналитичар Љуљзим Фаризи, во соноќешната „Само вистина“ на Канал 5 изјави дека не е убеден дека одлуката на Алијанса…

April 26, 2025
ПОЛИТИКА

Милошоски: „Стратегијата Македонија 2030“ на ВМРО-ДПМНЕ како ново поглавје за стабилност и развој на државата

„Дозволете ми денес да истакнам дека на вчерашниот Конгрес во Кавадарци, ВМРО-ДПМНЕ ја усвои стратегијата „Ново поглавје –Македонија 2030“, тоа…

December 7, 2025
ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски официјално е кандидат за градоначалник на Скопје: Ќе го изградиме градот кој ќе биде нашата гордост

Со голема чест и одговорност, Орце Ѓорѓиевски денес ја поднесе својата кандидатура за градоначалник на Скопје пред Државната изборна комисија…

September 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?