Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сите осомничени за падот на бетонската настрешница во Нови Сад ослободени од притвор
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Сите осомничени за падот на бетонската настрешница во Нови Сад ослободени од притвор
БАЛКАН

Сите осомничени за падот на бетонската настрешница во Нови Сад ослободени од притвор

Објавено June 18, 2025 14:52
Сподели
Сподели

Апелацискиот суд во Нови Сад го укина притворот на уште петмина осомничени во случајот со падот на бетонската настрешница на железничката станица во тој град, кога загинаа 16 лица. Тие беа осудени на домашен притвор од три месеци.

Со таа одлука на судот, ниту еден од 13-те приведени по падот на настрешницата повеќе не е во затворски притвор.

Обвинението, кое обвинителството го поднесе на 30 декември, беше вратено кон средината на април од страна на Вишиот суд во Нови Сад „на доработка“ со образложение дека „е потребно подобро разјаснување на предметот за да се испита неговата суштина“. Со тоа, постапката беше вратена во фаза на истрага.

Постапката ја води и Вишото јавно обвинителство во Белград, кое на почетокот на март поднесе обвинение за пропустите што доведоа до паѓање на настрешницата.
Реконструираната зграда на железничката станица во Нови Сад беше официјално отворена само четири месеци пред падот на настрешницата, со порака дека реновираната зграда ги надминува европските стандарди.

Несреќата предизвика масовни протести во Србија со кои се бара од властите одговорност за несреќата во која загинаа 16 луѓе. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Според експертите, најдобро е британскиот заем да се инвестира во Чебрен
Следна Статија Од денеска до петок нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

50 мигранти протерани од САД ќе дојдат во Косово

Косовската претседателка Вјоса Османи добила писмо од американскиот претседател Доналд Трамп во кое тој „ѝ се заблагодарува за нејзината посветеност…

August 6, 2025
БАЛКАН

Ужас во Словенија: Жена почина од каснување од поскок, прв таков случај по неколку децении

По неколку децении, во Словенија е регистриран првиот смртен случај предизвикан од каснување од змија. 80-годишна жена била касната за…

June 26, 2025
БАЛКАН

Во Хрватска масовни повици за бојкот- Не купувајте ништо в петок на 24 јануари

Корисници на социјалните мрежи во Хрватска масовно споделуваат пораки во кои повикуваат на бојкот на   трговските синџири в петок, 24…

January 20, 2025
БАЛКАН

„Евзони“ и „Ники“ и денеска затворени на неколку часа

Како и во изминатите денови, така и денеска, грчките земјоделци, кои нивните трактори ги имаат паркирано на неколку гранични премини,…

December 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?