Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Лажен стоматолог поправал и им вадел заби на луѓето, учел преку интернет
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Лажен стоматолог поправал и им вадел заби на луѓето, учел преку интернет
ЗАБАВА

Лажен стоматолог поправал и им вадел заби на луѓето, учел преку интернет

Објавено June 19, 2025 09:48
Сподели
Сподели

Обвиненија се покренати против лажен стоматолог и неговите двајца помошници, кои лекувале десетици пациенти во Чешка откако го научиле „занаетот“ преку Интернет.

Според полициското соопштение, тројца членови на исто семејство отвориле комплетно опремена стоматолошка ординација без никаква лиценца или професионална квалификација во градот Хавличков Брод во централна Чешка во 2023 година.

Лажниот стоматолог, 22-годишен маж, правел прегледи, вадел заби, чистел забни канали и давал анестезија, сето тоа врз основа на знаење стекнато преку Интернет. 50-годишна жена работела како медицинска сестра, додека 44-годишен маж, кој го обезбедувал просторот, изработувал протетика за пациентите.

Жената, која претходно работела во здравството, набавила анестезија, но и други стоматолошки материјали до кои имала пристап, како пломби, лепила, материјали за отпечатоци и други“, соопштија од полицијата.

На прашањето на АФП дали пациентите се пожалиле, портпаролката на полицијата Михаела Леброва одби да коментира.

Полицијата соопшти дека нелегалната ординација лекувала десетици пациенти и остварила приход од околу 160.000 евра.

Тројката беше уапсена на почетокот на овој месец и обвинета за неовластени активности, перење пари, обид за повреда, манипулација со дрога и кражба.

Досега не се казнети. Откако ја признаа вината, тие беа пуштени да се бранат од слобода, и им се заканува казна затвор до осум години.

Поради хроничниот недостиг на стоматолози, чешкиот парламент минатата година усвои закон со кој се олеснува вработувањето на стоматолози од земји надвор од Европската Унија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во САД секој ден минатата година по 1.000 нови милионери
Следна Статија Фетаи: Таравари е во скутот на Ахмети, се обиде сите да нè продаде за неколку општини! Бараше од Мицкоски да ја исфрли Вреди од владата и да ја внесе ДУИ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Цели 70 години собирал монети: Што мислите, колку пари има во ова џиновско стаклено шише?

Еден Американец собирал монети цели 70 години. Наполни огромно стаклено шише. Неговиот внук ги објавил фотографиите на интернет и додал…

October 14, 2024

Зошто надградбата на Siri во iOS 26.4 ќе биде поголема од очекуваното

Во ажурирањето на iOS 26.4 кое доаѓа ова пролет, Apple ќе претстави нова верзија на Siri која целосно ќе го…

February 8, 2026
ЗАБАВА

(ВИДЕО) Качувачот Алекс Хонолд го искачи облакодерот „Тајпеј 101“ без ниту едно јаже!

Најпознатиот светски „free solo“ качувач, Американецот Алекс Хонолд, денеска постави нов стандард во екстремните спортови. Хонолд успешно го искачи еден…

January 25, 2026
ЗАБАВА

Џеф Безос продаде вила за рекордна сума

Џеф Безос, сопственикот на Blue Origin и основач на Amazon, стана побогат за 63 милиони долари бидејќи ја продаде својата…

May 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?