Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Израел им оддава почит на жртвите од нападот на 7 октомври
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Израел им оддава почит на жртвите од нападот на 7 октомври
СВЕТ

Израел им оддава почит на жртвите од нападот на 7 октомври

Објавено October 7, 2024 08:53
Сподели
Сподели

Израел денеска (7 октомври) им оддава почит на жртвите од терористичкиот напад на Хамас пред една година. Хамас е прогласена за терористичка организација од САД и ЕУ.

Израелскиот претседател Исак Херцог денеска ќе ги отвори комеморациите со семејствата во жалост на местото на музичкиот фестивал Нова, означувајќи го почетокот на тридневното меморијално патување до местата на масакрот, пренесе ДПА.

Во терористичкиот напад без преседан на 7 октомври 2023 година, повеќе од 1200 луѓе беа убиени во јужен Израел, а околу 250 беа земени како заложници во Појасот Газа.

Додека нацијата се обединува во жалост, земјата е исто така поделена во пристапот кон комеморациите. Роднините на заложниците организираат свој меморијален собир во Тел Авив во моментот на првите истрели утрото пред една година.

Подоцна, израелската влада ќе емитува комеморација која е претходно снимена во јужен Израел.

Со оглед на безбедносните прописи кои се во сила поради заканата од ракетни напади, на лице место им е дозволено да присуствуваат само на максимум 1000 луѓе.

Комеморацијата ќе се емитува на интернет и на специјални телевизиски програми.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Српскиот премиер Вучевиќ во посета на земјава, најавено потпишување меморандум за соработка во енергетиката
Следна Статија Фицо: Украина нема да стане членка на НАТО се додека сум јас премиер

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Русите јуришаат на фронтот со розева „Лада“

Најновото руско јуришно возило се чини дека е розово „Жигули“, стар советски автомобил познат како Лада стандард. Овој розов автомобил…

December 27, 2024
СВЕТ

Путин се закани: Русија ќе одговори на украинскиот напад врз интернатот во Старобелск

Претседателот на Русија, Владимир Путин, денеска му наложи на руското Министерство за одбрана да подготви предлози за одговор на нападот…

May 22, 2026
СВЕТ

Трамп испрати 2.000 војници од Националната гарда во Лос Анџелес по судирите со демонстранти (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп нареди распоредување на 2.000 припадници на Националната гарда во Лос Анџелес и Калифорнија, поради жестоки судири…

June 8, 2025
СВЕТ

(Видео) Масовен ракетен напад врз Киев, горат станбени згради: „Вака Путин сака да ја заврши војната!“

Во утринските часови руската војска извршила ракетен напад врз Киев, соопштија украинските власти. „Вака Путин сака да ја заврши војната.…

February 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?