Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Туризмот бележи раст од 20% и очекувам овој тренд да продолжи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Туризмот бележи раст од 20% и очекувам овој тренд да продолжи
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Туризмот бележи раст од 20% и очекувам овој тренд да продолжи

Објавено June 19, 2025 12:22
Сподели
Сподели

По седум години денеска повторно е отворен комплексот „Македонско село“ кој се наоѓа на Водно во близина на Нерези. Нов концесионер е фирмата „Ла Тераца“ чија понуда беше избрана како најповолна на јавниот повик што го распиша Службата за општи и заеднички работи.

На отворањето, присуствуваше премиерот Христијан Мицкоски, кој даде изјава за медиумите.

За мене претставува задоволство што уште еден заборавен, запуштен и би рекол полууништен објект се става во функција. Тоа е овој комплекс наречен „Македонско Село“. Благодарност до инвеститорите, до концесионерите коишто се охрабрија да инвестираат и да понудат на скопјани и на сите оние кои ќе го посетуваат Скопје уште едно туристичко алтернативно и ултра квалитетно место каде може да се ужива во преубав поглед, преубави соби, апартмани и сигурен сум во префкусна храна, изјави прениерот Мицкоски.

Концесионерот е избран на законски и транспарентен начин, по пат на електронско јавно наддавање, преку системот со кој управува Министерството за финансии.

Туризмот бележи големи резултати, кај странските гости имаме раст повеќе од 20% споредено со истиот период од минатата година. Очекуваме тој тренд да продолжи и да се зголемува, работиме многу на тоа. Така и Министерството за култура и туризам тука е исклучително посветено и се надевам дека ова несто за туристите што ќе го посетуваат Скопје ќе биде убаво место за уживање и почивка, додаде Мицкоски.

Комплексот „Македонско село“ се состои од 12 автентични куќи, со простории каде се претставени македонските занаети, а делови се користеа како хотелски соби и имаше ресторански дел.

Со реотворањето на комплексот ќе бидат создадени услови за поттикнување на развојот на туризмот и зајакнување на локалната економија, отворање на нови работни места, а ќе биде унапреден и туристичкиот капацитет во Скопје што ќе влијае на зголемен број туристи не само во Скопје, воопшто и во земјава, информираа од СОЗР.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Фетаи: Таравари е во скутот на Ахмети, се обиде сите да нè продаде за неколку општини! Бараше од Мицкоски да ја исфрли Вреди од владата и да ја внесе ДУИ
Следна Статија Одобрена е екстрадиција на македонски државјанин кој убил пензионер во Германија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Обвинение за Димитровска: Оддавала службени тајни преку Вибер, а испити ѝ полагал ревизор од ДЗР

Покренато е обвинение против претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Татјана Димитровска, која се гони за оддавање на…

July 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Груевска: Не може јазик што не го разбираат 75 % од населението во Македонија да биде на исто рамниште со македонскиот

За Законот за употребата на јазиците Прво, Македонците во Македонија не се етничка заедница, па Албанците да бидат втора., како…

December 10, 2024
МАКЕДОНИЈА

Поплави низ Македонија: И понатаму критично во Кичево и во Гостивар

Обилните врнежи од дожд во текот на викендот предизвикаа проблеми низ целата држава. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК)…

February 16, 2026
МАКЕДОНИЈА

Денеска е Водокрст – строг пост, а треба да ги направите и овие обичаи

На 18 јануари, ден пред празникот на Крштението на Господ Исус Христос во реката Јордан – Богојавление, Црквата се подготвува…

January 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?