Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Од полноќ поскапуваат горивата – ова се новите цени!
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Од полноќ поскапуваат горивата – ова се новите цени!
ЕКОНОМИЈА

Од полноќ поскапуваат горивата – ова се новите цени!

Објавено June 19, 2025 16:39
Сподели
Сподели

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,06 % во однос на одлуката од 16.06.2025 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 3,305%, кај дизелот за 8,111%, кај екстра лесното масло за 7,554% и кај мазутот зголемувањето е за 5,146%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,8039%.

Од 20.6.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 76,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 78,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 70,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 70,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 40,928 (денари/килограм)

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,149 ден/кг и сега ќе изнесува 40,928 ден/кг.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 20.6.2025 година.

Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Апел за рационална и одговорна употреба на водата за пиење
Следна Статија Се сомневаме на саботажа во РЕК, МВР го испитува случајот, вели Мицкоски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Николоски: Во 2031 година проектот брза пруга ќе биде завршен

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, најави дека проектот за брза пруга на Коридорот 10 влегува во клучна фаза…

January 3, 2026
ЕКОНОМИЈА

Од полноќ нови цени на горивата: Дизелот се намалува за 1,5 а бензините за 1 денар

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со…

January 27, 2025
ЕКОНОМИЈА

Нема да има зголемување на старосната граница за пензионирање, уверува премиерот

Ставот на Владата е дека нема да има зголемување на старосната граница за пензионирање и дека детектирани се проблемите, Владата…

December 11, 2024
ЕКОНОМИЈА

Инженери на Македонија бараат Уставниот суд да ја процени законитоста на паушалните сметки за струја

Здружението Инженери на Република Македонија (ИНРМ) поднесе иницијатива до Уставниот суд за укинување на член 31 од Правилата за снабдување со електрична…

August 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?