Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Извозот во земјава намален за 5,7 отсто – Македонија годинава најмногу тргувала со Германија и Велика Британија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Извозот во земјава намален за 5,7 отсто – Македонија годинава најмногу тргувала со Германија и Велика Британија
ЕКОНОМИЈА

Извозот во земјава намален за 5,7 отсто – Македонија годинава најмногу тргувала со Германија и Велика Британија

Објавено October 7, 2024 10:42
Сподели
Сподели

Вкупната вредност на извозот на стоки во земјава, во периодот од јануари до август годинава, изнесува 5.190,2 милиона евра и бележи пад од 5,7 отсто во однос на истиот период лани, додека вредноста на увeзената стока е 7.341,3 милиони евра, што е за 0,6 проценти повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Според Државниот завод за статистика (ДЗС), трговскиот дефицит е 2.151,2 милиони евра, а покриеноста на увозот со извоз 70,7 отсто.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи. Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и други моторни возила за превоз на лица, наведува ДЗС.

Во периодот јануари – август 2024 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, земјава најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Кина и Србија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Таткото и синот Џејмс заедно на теренот
Следна Статија Граѓаните се повеќе се одлучуваат да плаќаат електронски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Угостителите побарале пролонгирање на Законот против пушењето

Прво кампања па примена на Законот против пушењето, побарале угостителите на средбата со државниот секретар во Министерството за економија и…

February 3, 2026
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Владата овозможува силна поддршка на Град Скопје за реализација на проектот брз автобуски превоз – БРТ

Владата преку Министерството за транспорт и Министерството за финансии овозможува силна поддршка на Град Скопје за реализација на проектот брз…

March 24, 2026
ЕКОНОМИЈА

Народната банка го објави Конкурсот за Годишната награда за млади истражувачи за 2027 година

Народната банка го објави Конкурсот за доделување на Годишната награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на макроекономијата…

June 13, 2026
ЕКОНОМИЈА

УЈП направи техничка надградба на нејзините електронски системи

Управата за јавни приходи (УЈП) направи техничка надградба на своите електронски системи со цел нивното користењето да биде уште полесно…

October 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?