Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Од Северна во Македонска, тимот на Главчев го враќа името на кошаркарската федерација
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Од Северна во Македонска, тимот на Главчев го враќа името на кошаркарската федерација
СПОРТ

Од Северна во Македонска, тимот на Главчев го враќа името на кошаркарската федерација

Објавено June 20, 2025 17:18
Сподели
Сподели

Тимот на новиот претседател на националната кошаркарската федерација Томе Главчев го враќа името кое го смени предходниот претседател Перо Антиќ кој ја преименува во Кошаркарска Федерација на Северна Македонија.

На својата втора седница, Управниот Одбор на Кошаркарската федерација на Македонија, одржана на 19. јуни, 2025 година, во просториите на федерацијата донесол повеќе одлуки меѓу кои и почнување процедура за менување на називот на националната федерација.

Новото раководство, на чело со Претседателот на КФСМ, Томе Главчев, побарало размислување од членовите на Управниот Одбор за промена на називот на Федерацијата.

По двата дадени предлози Македонска кошаркарска федерација, и Национална кошаркарска Федерација едногласно е одлучено да почне процесот со кој Кошаркарската Федерација на Северна Македонија ќе стане Македонска кошаркарска федерација.

Предлогот наишол на позитивни размислувања од страна на присутните членови на управниот одбор кои едногласно се согласиле да се отпочне процедура за менување на името во Македонска кошаркарска федерација, објави Кошаркарската федерација која досега беше на Северна Македонија а наскоро пак ќе стане Македонска.

Кои други одлуки ги донесол Управниот одбор на македонската кошаркарска федерација:

На својата втора седница, Управниот Одбор на Кошаркарската федерација на Македонија, одржана на 19. јуни, 2025 година, во просториите на федерацијата, го донесе следните одлуки:
*Кооптирање на г-дин Аднан Шариќ како член на Управен одбор на КФСМ;

*Именување на г-дин Марјан Илиевски за селектор на сениорска машка репрезентација;
* Намалување на бројот на екипи-учеснички во Првата лига – мажи на 10 екипи, за натпреварувачка сезона 2026/2027;

Од натпреварувачка сезона 2025/2026 да испаднат три екипи од ПЛМ, една екипа од ВЛМ да обезбеди промоција во ПЛМ. Пред одржување на државниот Куп „Благоја Георгиевски – Буштур 2026“ да се одржи состанок со прволигашите да се разговара за понатамошно намалување на осум екипи;

*За натпреварувачка сезона 2025/2026 во текот на целиот натпревар на терен да бидат присутни двајца домашни играчи. Правилото ќе важи од почетокот на натпреварувачката сезона до Суперлигата;
Претседателот на КФСМ, Томе Главчев, појасни дека на истиот состанок со екипите учеснички во ПЛМ донесен е предлог (на иницијатива на МЗТ Скопје Аеродром ад). За дваесетина дена е најавен нов состанок на кој ќе се разгледува опцијата за формирање на лига во која ќе играат играчи од 20 – 23 години.

*Разрешување и именување на нов состав на Комисија за итност;

*Разрешување и именување на нов состав Арбитражна комисија на КФСМ;

*Разрешување и именување на нов состав на Регистрациска комисија на КФСМ;

*Разрешување на Дисциплинска комисија и именување на нов состав на Дисциплинска комисија; 

*Разрешување и именување на нов состав на Тренерска комисија;

*Разрешување и именување на нов состав на Судиска комисија; 

*Разрешување на именување на нова комисија за проверка на спортски сали;

*Разрешување и именување на нов состав на комисија за разгледување документи од Спортска академија;

Согласно забелешките на членовите на Управниот Одбор беше постигнат консензус да се формира уште една комисија која ќе ги разгледува документите на апликантите односно степенот на исполнување на критериуми согласно објавениот конкурс. Комисијата да ги претстави забелешките на верификација пред УО.

*Во Здравствената Комисија не е забележана промена на членови, поради што нема разрешување и именување на нови членови.

*Именување на состав на Комисија за меѓународна соработка
Претседателот на КФСМ, Томе Главчев, потенцира дека на Федерацијата и е потребна ваква комисија која допрва ќе биде формирана и предложена пред членовите на Управниот одбор.

*Усвојување на предлог одлука на Судиска комисија за промена на Национален ФИБА инструктор;
*Љупчо Павловски, претставникот на ПЛЖ, побара од раководството на Федерацијата поголема ангажираност за женската кошарка, на што доби одговор дека веќе се работи на големи проект во таа сфера кои дополнително ќе им бидат презентирани на членовите на прволигашките екипи во женска сениорска конкуренција.

*Генералниот секретар, Томче Стојчевски, потенцира дека се работи и на финансиски ферплеј помеѓу машката и женската кошарка, како и на создавање на услови за лиценци за натпреварување кои ќе бидат презентирани на наредната седница.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија СДСМ објави 19 кандидати за градоначалници, за Град Скопје нема
Следна Статија Минимално покачување на трошоците за живот: Синдикалната кошница порасна за 790 денари во јуни

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Белгија го победи Велс, Македонија останува лидер во групата за СП

Фудбалската репрезентација на Македонија ќе го дочека септемвриското продолжение на квалификациите за Светското првенство 2006 како лидер во групата Ј…

June 10, 2025
СПОРТ

На водачот на навивачите на Борац му пукале директно во глава, немало шанса да преживее

Дејан Костиќ Дела, водач на навивачите на Борац Бањалука, бил застрелан со неколку истрели во главата. Во моментот на нападот…

January 13, 2025
СПОРТ

Противник по мерка за Алкалоид во ЕХФ купот

Ракометарите предводени од тренерот Кирил Лазаров првиот натпревар треба да го играат на гости на 22/23 март, реваншот во Скопје…

February 25, 2025
СПОРТ

Историски успех за Македонија: Андреас Трајковски е осми во Европа

Андреас Трајковски го освои осмото место во скок во далечина на Европското првенство во атлетика во сала, што се одржува…

March 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?