Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Граѓаните должат над 4,2 милијарди евра – најмногу за потрошувачки и станбени кредити
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Граѓаните должат над 4,2 милијарди евра – најмногу за потрошувачки и станбени кредити
ЕКОНОМИЈА

Граѓаните должат над 4,2 милијарди евра – најмногу за потрошувачки и станбени кредити

Објавено June 20, 2025 17:50
Сподели
Сподели

Долгот на граѓаните кон банките во мај достигнал 4,22 милијарди евра, додека вкупната задолженост на компаниите изнесува 4,06 милијарди евра. Вкупниот износ на кредити што банките го имаат одобрено на физички и правни лица достигнува 8,36 милијарди евра, покажуваат најновите податоци на Народната банка.

Истовремено, банките располагаат со вкупни депозити во износ од 9,9 милијарди евра, од кои 6,7 милијарди се депозити на граѓаните, а 2,78 милијарди евра на деловните субјекти.

На месечно ниво, кредитната активност е зголемена за 1,1 отсто, а депозитите пораснале за 1,4 отсто. На годишно ниво, растот на кредитите достигнува 12,1%, а кај депозитите е забележан пораст од 12,2%.

Граѓаните и понатаму се задолжуваат најмногу преку потрошувачки и станбени кредити, при што е забележан месечен раст од 1,2%. Годишно, потрошувачките кредити пораснале за 9,6%, а станбените за 14,4%.

Спротивно на тоа, автомобилските кредити бележат пад – за 1,6% на месечно и 0,7% на годишно ниво. Се намалува и задолжувањето по основ на кредитни картички, каде што е евидентиран пад од 0,2% месечно и 8% на годишно ниво.

Негативните салда на тековните сметки, пак, бележат месечен пораст од 4,8%, а на годишно ниво се зголемени за 2,3%.

Кредитите одобрени врз други основи се намалени за 1,5% на месечно и за 9% на годишно ниво.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Конечната пресуда за двојното убиство на Вања и Панче на 25 јуни
Следна Статија Зошто Атина? Сè што знаеме за новото поглавје во животот на Новак Ѓоковиќ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Пазарен инспекторат на терен: Засилени инспекции за „Black Friday“

Државниот пазарен инспекторат ќе врши редовни и вонредни надзори за време на викендот, а посебно внимание ќе биде посветено на…

November 29, 2024
ЕКОНОМИЈА

Директорот на Царина се пофали: Годинава наплатени 13,6 милиони евра повеќе од лани

Наплатата на приходи остварени од Царинската управа во првото тримесечје годинава се поголеми за 13,6 милиони евра во однос на…

April 14, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николовски: Поголема контрола на Блаце, во радар брзите пошти

Царинската управа воспоставува засилена контрола на граничен премин Блаце се со цел спречување обиди за криумчарење на поштенски пратки. Ова…

November 14, 2024
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Оваа година Македонија ќе биде број еден со економски раст во регионот

Македонија во 2025 година ќе биде број еден со економски раст во регионот, тоа се должи на добрите економски политики…

January 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?