Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Места во Грција каде најчесто обиваат автомобили и како да знаете дали вашето возило е „означено за кражба“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Места во Грција каде најчесто обиваат автомобили и како да знаете дали вашето возило е „означено за кражба“
ЗАБАВА

Места во Грција каде најчесто обиваат автомобили и како да знаете дали вашето возило е „означено за кражба“

Објавено June 21, 2025 12:03
Сподели
Сподели

Српската агенција „Никана“ ги споделува местата во Грција каде што најчесто автомобилите со странски таблици се мета на крадци, како и совети што може колку-толку да направите за да спречите обивање на вашиот автомобил.

Contents
  • Мерки за заштита од кражба од автомобили на паркингот на големите супермаркети
  • Како да знаете дали вашиот автомобил е „означен за кражба“
  • Она што можете да го направите е:

Обично, местата каде најчесто се случуваат кражбите се маркетите и продавниците маллку надвор од Солун, на пат кон Халкидики. Иако овие паркинзи најчесто се оградени и обележани, не е можно да се контролираат толкав број автомобили. Целта на разбојниците се оние автомобили што се надвор од големиот проток на луѓе, каде што куферите и работите се „на дофат“, односно видливи и лесно достапни. Тие обично само го кршат стаклото и извлекуваат сè што можат да дофатат што е можно побрзо (куфери, ранци, даски за сурфање…) – пишува „Никана“.

Мерки за заштита од кражба од автомобили на паркингот на големите супермаркети

За да не доживеете непријатна ситуација, постојат неколку совети што ќе помогнат да се спречат потенцијални провали и кражби на и од автомобили во Грција:

  • Доколку е можно, дозволете еден од возрасните (никогаш деца) да остане во автомобилот за време на пазарувањето;
  • Вредни предмети, куфери, чанти, ранци, лаптопи, таблети, не треба да се оставаат видливи на седиштата. Ако е видливо и „на изволте“, крадците ќе претпочитаат да провалат баш кај вас бидејќи тоа е лесна цел за нив. Советот е доколку немате место да ги оставите во багажникот, или да ги да ги покриете овие работи со алишта, или да ги ставите на подот од автомобилот и повторно да ги покриете со гардероба;
  • Дури и очилата не треба да се оставаат зад себе. Кражбата на очила за сонце од познати марки е многу честа појава, а крадците не знаат дали се скапи или не;
  • Проверете дали вашиот аларм работи, односно дали е активиран;
  • Интересен совет од грчките портали е дека мерка за заштита може да биде и бебешки аларм што треба да се остави вклучен и активиран. На тој начин, можете да слушнете ако крадците ви го скршат стаклото. Така може веднаш да почнете да им викате на крадците, што можеби ќе ги испаничи и ќе се откажат од кражбата и ќе поминете само со скршено стакло.

Како да знаете дали вашиот автомобил е „означен за кражба“

Пред бандата да се обиде да го украде автомобилот, нејзините членови веќе спровеле детална истрага, објаснува сајтот.

Крадењето автомобили и работи од нив понекогаш не е осамен чин, туку дело на организирана група крадци. Едниот е задолжен за изборот. Како случаен минувач, тој внимателно ги „мери“ автомобилите и ја означува потенцијалната цел за да можат останатите од тимот да го направат својот дел.

Ако забележите некои од следниве предмети на вашиот автомобил, тоа може да биде знак дека вашиот автомобил е означен како „добар плен“:

  • хартија на рачката на вашиот автомобил
  • шише вода покрај тркалото
  • паричка на рачката или хаубата
  • или нешто што е невообичаено, а не сте го оставиле врз автомобилот

Според грчките портали, ако забележиме ваков знак на автомобилот, треба веднаш да го пријавиме во полиција.

Она што можете да го направите е:

  • да го оставите вашиот автомобил на чуван паркинг;
  • ако има место да паркирате во дворот на сместувачкиот капацитет;
  • ако имате камера, оставете ја вклучена;
  • проверете дали вашиот аларм, ако имате, е активиран;
  • И на крај, најважно е да не оставате ништо вредно во автомобилот!
Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Путин предупреди: Трета светска војна ни е пред нос
Следна Статија До крајот на јуни два знака добро ќе се опарат

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Знаете ли што е Арамејски Нов завет?

Повеќето луѓе се шокирани кога ќе дознаат дека Библијата со која пораснале не е преведена директно од оригиналните арамејски текстови,…

June 2, 2025
ЗАБАВА

Ребека: Да се молиме за Панчо ДНК, на апарати е!

Македонската пејачка Ребека Јанковска Ристевски синоќа упати апел за молитва за сите повредени во трагедијата во Кочани. Таа објави дека…

March 17, 2025
ЗАБАВА

Денеска се одбележува 8-ми март, светскиот ден на борбата на жените за родова рамноправност

Во светот денеска се одбележува 8-ми март денот кој е посветен на борбата на жените за економска, политичка и социјална…

March 8, 2025
ЗАБАВА

Овие три знаци од 2 до 8 јуни ќе имаат најубава недела

Сонцето патува низ Близнаци, активирајќи комуникација и ментална брзина, додека Сатурн и Нептун почнуваат тивко, но долгорочно да го менуваат…

June 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?