Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Во делот на исплатата на субвенции во сточарството опфатени 4.100 сточари, земјоделците остануваа главен приоритет
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Во делот на исплатата на субвенции во сточарството опфатени 4.100 сточари, земјоделците остануваа главен приоритет
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Во делот на исплатата на субвенции во сточарството опфатени 4.100 сточари, земјоделците остануваа главен приоритет

Објавено June 22, 2025 14:10
Сподели
Сподели

Во делот на исплатата на субвенции во сточарството, опфатени се повеќе од 4 100 сточари, а исплатени се околу 350 милиони денари, информира премиерот Христијан Мицкоски. Тој напомена дека од почетокот на годината исплатени се 9 милијарди денари, односно станува збор за долгови од 2021, до 2024 година. Мицкоски е на ставот дека земјоделците остануваат главен приоритет на Владата.

-Изминатиот период беа исплатени субвенции во делот на сточарството. Од почетокот на годината вкупно се исплатени околу 9 милијарди денари. Тоа не е само за овој период, тоа се долгови од 2021, 2022, 2023 година и од тековната 2024 година. Продолжуваме и понатаму и со ребалансот, и со онаа распределба на крајот на годината. Сакаме да го фатиме редот, да нема долгови и покрај тоа што мораме да враќаме долгови од 2021 година, рече Мицкоски, одговорајќи на новинарско прашање, кој присуствуваше  на пуштање во употреба на реконструираниот регионален пат Понов мост-Богданци.

Тој потенцира дека има исклучително добри резултати и во делот на извозот во првите четири месеци од годината. Рече дека историски имаме највисока откупна цена на пролетна зелка, а добра откупна цена е и на доматите.

-Ќе мораме тоа да го сервисираме, бидејќи земјоделците се оние кои не само што ја хранат Македонија, туку морам да кажам дека има исклучително добри и квалитетни резултати и во делот на извозот во првите четири месеци од годината. Се радувам на историски највисоката откупна цена за пролетната зелка, а сега слушам дека е добра и откупната цена за доматите. Генерално, можам да кажам дека се уште не сме максимално задоволни, но одиме кон тоа ниво. Земјдолеците остануваат главен приоритет на оваа Влада, посочи Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски: До средината на јули треба да стигнат понудите на тендерот за набавка на 120 електрични автобуси
Следна Статија Чупеска: Ветувањата за правда и правдата за неправедно осудените, останаа само празни зборови

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Преглед на федералната забрана која влијае на пазарот на производи со ТХЦ

ТХЦ-инфузираните пијалаци и гризки доживеаја голем пораст во популарноста, додека продажбата на алкохол опаѓа. Законот за финансирање на владата вклуч

November 29, 2025

Warner Bros одбива преземање на Paramount и им препорачува на акционерите да се фокусираат на Netflix понудата

Warner Bros ги одбива понудите за преземање и им дава јасни совети на своите акционери

January 9, 2026
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Регулаторната комисија ќе ги намали акцизите за дизелот од 4 денари за литар, а за бензините 2 денари за литар

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарски прашања, рече дека имаме стабилни количини гориво и не треба да има никакви…

April 6, 2026
ЕКОНОМИЈА

Светска банка:Македонија треба да инвестира 6,4 милијарди долари за поголема отпорност кон климатските промени

Македонија би можела да се соочи со економски штети до 4 проценти од бруто домашниот производ (БДП) до 2050 година,…

October 7, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?