Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Хрватска ТикТокерка шокирана од цените: 30 евра за една топка сладолед
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Хрватска ТикТокерка шокирана од цените: 30 евра за една топка сладолед
ЗАБАВА

Хрватска ТикТокерка шокирана од цените: 30 евра за една топка сладолед

Објавено June 23, 2025 08:58
Сподели
Сподели

Популарната хрватска ТикТокерка Нина Скочак го сподели своето прво искуство од престојот на шпанскиот остров Ибица, а видеото брзо стана вирално поради – неверојатно високите цени. „Ова е шок“, вели Нина во клипот објавен на Instagram, во кој открива дека една топка сладолед на Ибица чини дури 30 евра, а шише вода 15 евра.

„Одсекогаш сакав барем еднаш во животот да ја посетам Ибица. Но, никогаш не очекував ваков финансиски шок“, вели таа додека се шета низ улиците на островот.

Нина со пријателите го посетила и познатиот клуб Ushuaïa, каде што за влезница платиле 130 евра. „Водата во клубот е поскапа од коктел. За 15 евра, подобро да се напиеш алкохол отколку вода“, раскажува Нина.

Цените се шокантни и во другите делови од островот: лежалки на плажа чинат околу 100 евра, оброк во ресторан 100 евра по лице, паела за двајца 90 евра, а дури и поскромните ресторани не се под 50 евра. Изнајмувањето автомобил е околу 100 евра на ден, а Нина откри дека нивниот автомобил се расипал само еден час по преземањето.

Најскапо искуство, сепак, било посетата на кабаре каде што – како што вели – „само една топка сладолед чинеше 30 евра“.

И покрај сè, Нина признава дека не се кае: „Ибица ме фасцинираше. Дефинитивно би се вратила повторно“.

На социјалните мрежи реакциите беа поделени – дел ја поддржаа нејзината искреност, а други ја обвинија за „снобизам“ и „живот без допир со реалноста“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кевин Дурент во Хјустон Рокетс
Следна Статија Македонската влада во преговори со Ryanair за можно влегување на нискобуџетниот превозник на пазарот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Кои биле најбогатите луѓе во Југославија – рекордот го држи граѓанин на Скопје, а на листата нема политичари

Најбогатите луѓе во поранешна Југославија се најдоа на листата на магазинот ТОП од 1988 година. Она што е особено интересно…

October 12, 2024
ЗАБАВА

Австралијка роди туѓо дете поради грешка при ин витро

Австралијка родила дете на погрешен маж, откако лекар случајно ѝ вметнал погрешен ембрион, објави сопственикот на клиника за плодност, обвинувајќи…

April 12, 2025
ЗАБАВА

Скопје сега има прекар – мапа со симболични имиња на европските главни градови

Неодамна се појави мапа на „Инстаграм“ профилот „Форум мапинг“, која за многу кратко време го привлече вниманието на корисниците од…

October 24, 2025
ЗАБАВА

Ретрограден Сатурн почнува на 13 јули и ќе трае до крајот на ноември

Сатурн, планетата на кармата, дисциплината и лекциите што ги учиме низ животот, влезе во знакот Риби на 29 март 2025…

July 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?