Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Човек сам може да направи разлика, но, сите може да направиме историја, порача премиерот Мицкоски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Човек сам може да направи разлика, но, сите може да направиме историја, порача премиерот Мицкоски
МАКЕДОНИЈА

Човек сам може да направи разлика, но, сите може да направиме историја, порача премиерот Мицкоски

Објавено June 23, 2025 21:59
Сподели
Сподели

Времето кога години наназад секој од нас губел надеж е минато. Македонија може напред. Човек сам може да направи разлика, но, сите може да направиме историја, порача вечерва македонскиот премиер Христијан Мицкоски.

Заедно, рече тој, ги градиме темелите, камен по камен, за Македонија што ќе ја препознаеме и ќе ја сакаме, за Македонија каква што ја заслужуваме и со која ќе се гордееме.

-Кога ќе погледнам во очите на луѓето кои секојдневно ги среќавам, знам дека морам да направам сè што можам за да имаат подобар живот. Така и ја гледам Македонија – со љубов и одговорност. За тебе, за твоето семејство, за иднината што ја градиме заедно, за надежите кои не смеат да се изневерат. Промените не се случуваат преку ноќ, но секој ден што вложуваме е чекор поблиску до Македонија со која ќе се гордееме. Не ветувам совршенство и чуда, туку ветувам искреност и упорност во секој чекор и борба за тебе и иднината каква што ја заслужуваш, рече македонскиот премиер Христијан Мицкоски во обраќањето на настанот по повод една година од Владата, под слоганот „Доаѓа времето на Македонија! Ги градиме темелите на промените“.

Ние, рече, не сме политичари што зборуваат од високо. Ние сме луѓе што живеат тука со вас, што чувствуваат ист страв и иста надеж. Затоа со труд и лојалност кон вас, нагласи, ги градиме темелите на промените – искрено, чекор по чекор, со срце.

-Македонија е повеќе од земја. Тоа е наш дом, нашите семејства и нашите соништа. Оваа година беше само почеток, почеток на стабилизација и консолидација после 7-те години на проблеми и уништувања, на разочарувања и изневерешни очекувања и изгубена надеж. Заедно, чекор по чекор, ги поставуваме темелите за Македонија да биде повторно твоја – земја што ќе не обедини и ќе ни даде сила. Времето на Македонија допрва доаѓа, и тоа не е само слоган – тоа е наша обврска кон сите вас. Ги градиме темелите со пот, со борба и со надеж. За секој што верува дека оваа земја заслужува подобро, за тебе и твоето семејство, за иднината која доаѓа, за македонија која повторно ќе биде твоја“, рече премиерот додавајќи дека ова е една година од новиот почеток, една година градење темели на промените за времето на граѓаните кое доаѓа, потенцира Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Блок 2 на РЕК “Битола” вклучен во електродистрибутивната мрежа денеска по 18 часот
Следна Статија МНР: Да се избегнуваат патувања во земјите од Блискиот Исток

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

ДИК: Излезеноста на вториот круг од изборите до 9 часот е 2,88 проценти

Одѕивот на вториот круг од локалните избори до 9 часот е 2,88 отсто, а гласале 22 379 граѓани, објави на…

November 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Имам разбирање за граѓаните за бојкотот на маркетите

Имам лично разбирање за оваа акција на граѓаните и тука не треба да имаме никаква дилема, бидејќи од самиот почеток…

January 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Хајредини: Само македонскиот народ има право да одлучува за идентитетот, јазикот…

„Во врска со прашањaта за идентитетот, историјата и македонскиот јазик, право да одлучува има само македонскиот народ. Албанците нивната одлука…

April 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Охрабрува трендот што голем број од македонските граѓани кои одлучија да заминат, полека се враќаат

Охрабрува трендот што голем број од македонските граѓани кои одлучија да заминат од државата, полека се враќаат, изјави попладнево премиерот…

December 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?