Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Татко со шлаканици по четиригодишната ќерка – „Ќе те утепам, ќе ти ја искршам главата“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Татко со шлаканици по четиригодишната ќерка – „Ќе те утепам, ќе ти ја искршам главата“
ХРОНИКА

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Татко со шлаканици по четиригодишната ќерка – „Ќе те утепам, ќе ти ја искршам главата“

Објавено June 24, 2025 10:13
Сподели
Сподели

Скопјанец од Драчево, 28-годишен, е во притвор затоа што со шлаканици ја удира својата четиригодишна ќерка.

Видеото на социјалните мрежи го објави мајката на детето. Таа сподели емотивна објава, на која меѓудругото пишува: „Зарем вакво детство заслужува едно дете?“.

„Без причина, само затоа што некој има болен ум и не размислува во моментот, нашол да покажува сила врз деца. Ако возрасните имаат проблеми, зошто децата да бидат виновни? Стресно е и за другите, тие се три сестрички, на возраст од 3, 4 и 9 години. Сè се случи во сабота наутро, а истата вечер тој веќе беше приведен во полициска станица, а сега е во притвор. И повторно – јас сум виновна што пријавив и што сакам да ги заштитам моите деца. Детството е најубавиот период, а некој вака им го уништува… Не смее да биде така. Детето има видливи телесни повреди и набиеници на лицето, а сите три ќе носат доживотни трауми“, напиша жената на социјалните мрежи.

Обвинителството вчера соопшти дека го гони 28-годишниот скопјанец за нанесување телесна повреда.

„Основното јавно обвинителство Скопје ја иницираше постапката поради основано сомнение дека тој, во семејниот дом во населбата Драчево, при вршење семејно насилство, телесно ја повредил неговата малолетна ќерка родена 2021 година. Додека мајката на детето приготвувала јадење, тоа си играло со нејзините две сестри. Во еден момент девојчето се качило на креветот во дневната соба за да ги земе играчките, поради што осомничениот започнал да ја навредува и да ја удира со шлаканици по лицето, нанесувајќи и телесни повреди – набиеница на главата и огреботини на кожата на лицето. Продолжил и со вербални закани дека ќе ја убие. Имајќи предвид дека согласно вербалните искази при пријавата на настанот, осомничениот подолго време манифестирал агресивно однесување во семејството, јавниот обвинител оцени дека постои ризик од повторување на насилството со несомнени последици врз нормалниот психофизички развој и воспитувањето на децата. Исто така, доколку биде пуштен да се брани од слобода, постои опасност од бегство, со цел да ја избегне кривичната одговорност за стореното кривично дело. Од тие причини Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка поднесе предлог за определување мерка притвор“, соопштија од ОЈО.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Претседателката Сиљановска-Давкова учествува на Самитот на НАТО во Хаг
Следна Статија Исланд најбезбедна, Македонија 51-ва најбезбедна држава во светот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Спречено криумчарење на делови за мобилни телефони и играчки со потпис на познати трговски марки

Во текот на минатата недела, царинските службеници спречија повеќе обиди за криумчарење, при што е запленета разна стока, меѓу коишто…

December 3, 2024
ХРОНИКА

Уапсени две лица во Скопје, фатени како предизвикуваат пожар

На 10.07.2025 во 15:30 часот, при вршење на патрола на патот помеѓу Кадино и Миладиновци од страна на полициски службеници…

July 10, 2025
ХРОНИКА

Полиција влезе во Судски совет по налог на ОЈО

Полициски службеници по Наредба на ОЈО Скопје постапуваат во Судски совет, односно се обезбедуваат два записници за да се проверат…

December 12, 2024
ХРОНИКА

Маж пронајден починат во Бутел

На 06.05.2025 во 12.03 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Бутел во Скопје бил…

May 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?