Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Го намаливме државниот долг и раздолживме еврообврзница од половина милијарда евра од претходната власт
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Го намаливме државниот долг и раздолживме еврообврзница од половина милијарда евра од претходната власт
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Го намаливме државниот долг и раздолживме еврообврзница од половина милијарда евра од претходната власт

Објавено June 24, 2025 23:02
Сподели
Сподели

Македонија не е ништо задолжена, туку напротив, ако ги гледате податоците долгот е намален, рече премиерот Мицкоски во интервјуто за емисијата „Објектив“ на Македонската телевизија, коментирајќи ги обвинувањата дека со последниот договор со Обединетото Кралство долгот на државата е зголемен.

Теоретски утре да почнеме да градиме, првата фактура ќе пристигне во 2027. Колку бргу ќе градиме, колку ефикасно ќе градиме, така ќе расте и нашиот бруто домашен производ, затоа што во градежништвото барем 3 пати ги вртите парите. Расте градежништво, расте индустриско производство, растат услуги итн. Како ќе расте нашиот номинален БДП, така ќе доспеваат обврските и така ќе се повлекуваат средствата. Значи ние нема да ги повлечеме, да ни стојат на сметка и сега ние наеднаш ќе го кренеме долгот на државата без да го кренеме номиналниот БДП-истакна Мицкоски.

Премиерот увери дека на крајот на годината ќе има намалување на долгот, а потсети дека во изминатата година се вратени и долгови кои биле направени во минатото.

Државата е раздолжена со неколку проценти, споредено со тоа што го затекневме. Вративме обврзница од половина милијарда евра што ја земала претходно СДСМ во 2018 година. Се е на транспарентен начин. Еве Министерството за транспорт доби барање од јавното претпријатие МЖ Транспорт и Инфраструктура да обезбеди средства за овој проект, тие се обратија до финансии, Финансии добија задолжение од Владата, ова се условите, тие ги понуди на 20-тина финансиски институции и банки, која ќе даде најдобри услови-тие услови ние ќе ги искористиме. А кој се условите, бидејќи велат 1,5 пати ќе ги враќаме тие пари? Ако се водиме по грубата математика и ако го користиме нашиот кредитен рејтинг ББ-стабилен тогаш можеби би вратиле 75% низ камати. Но што прави Обединетото Кралство? Ни вели ние за вас ќе гарантираме со нашиот кредитен рејтинг, а вие ќе ги користите средствата преку UK export finance, а нивниот рејтинг е ААА, што значи дека на меѓународниот пазар на пари нивните услови се барем 2 до 3 пати поповолни од нашите-заклучи премиерот Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Со Обединетото Кралство обезбедивме стратешки инвестиции за градба на брза железница, болници…
Следна Статија Македонска делегација предводена од Сиљановска-Давкова на Самитот на НАТО во Хаг

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Самсунг акциите растат додека снабдувањето со NVIDIA AI чипови се приближува

Јужнокорејскиот лидер на пазарот Самсунг Електроникс се подготвува да започне со производство на високо-пропусни меморни чипови од следната генерација

January 27, 2026
ЕКОНОМИЈА

Шпанија со најголеми приходи од туризмот

Европа пречекала 125 милиони странски туристи во првите три месеци од 2025 година, според Светскиот туристички барометар на Обединетите нации.…

August 17, 2025
ЕКОНОМИЈА

Кам, Тинекс, Веро и Рептил се маркетите кои меѓусебно договарале цени

КАМ, ТИНЕКС, ВЕРО и РЕПТИЛ се синџирите маркети кои меѓусебно договарале цени и кои биле фатени од Комисијата за заштита…

February 21, 2025
ЕКОНОМИЈА

Струјата поскапува за околу 5 отсто, ЕСМ понуди 65 евра за мегават

Струјата поскапува. Ова е речиси сигурно, откако државните електрани му понудија на ЕВН Хоум за безмалку 5% поскапа електрична енергија.…

November 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?