Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Олимпик Лион исфрлен во втората француска лига
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Олимпик Лион исфрлен во втората француска лига
СПОРТ

Олимпик Лион исфрлен во втората француска лига

Објавено June 25, 2025 09:52
Сподели
Сподели

Фудбалскиот клуб Олимпик Лион е исфрлен во втората француска лига поради неусогласеност на финансиите на клубот со прописите на натпреварувањето.

Олимпик Лион е седумкратен шампион на Франција и петкратен освојувач на Купот.

Според француските медиуми, долгот на клубот ја пробил границата од половина милијарда евра.

Во среда, Француската фудбалска федерација ја потврди одлуката донесена минатата зима, во меѓувреме, Лион не успеа да ги „испегла книгите“ и долговите што ги имаше, па следеше драконска казна.

Лион има право да поднесе жалба на оваа одлука од Француската фудбалска федерација.

„Лавовите“ паднаа во финансиска дубиоза кога паднаа во рацете на контроверзниот американски бизнисмен Џон Текстор, кој е сопственик и на Кристал Палас, Ботафого и Моленбек.

По состанокот со француското тело за финансиска контрола на професионалните клубови (DNCG), беше потврдено дека Лион е официјално префрлен во Втората лига – објави Фудбалската федерација на Франција.

Клубот претходно беше под привремена закана од испаѓање, со предупредување дека ќе испадне доколку не ја подобри својата финансиска состојба.

Групацијата „Игл Фудбал“, која е сопственик на Олимпик де Лион, се обиде да го убеди DNCG дека финансиите се подобруваат, го продадоа уделот на Џон Текстор во Кристал Палас, како и женскиот тим на Олимпик Лион.

Сепак, тоа не беше доволно за да се задоволат критериумите што ги бараа властите.

Оваа одлука доаѓа и покрај фактот дека сопственикот на клубот, Џон Текстор, беше оптимист по состанокот. Во разговор со новинарите, тој рече дека финансиската состојба е „значително подобра“ и дека е задоволен од тоа како поминал состанокот:

„Можете да видите дека нашите акционери инвестирале нов капитал, не само поради DNCG, туку и за лиценцирање на УЕФА. Исто така, има добри вести за продажбата на Кристал Палас. Нашата ликвидност сериозно се подобри“,ја пренесе „One Football“ изјавата на човекот кој буквално е „персона нон грата“ во Лион.

Сепак, сето ова не помогна. Како што стојат работите, Лион ќе игра во Втората лига почнувајќи од следната сезона.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ќерката на Брус Вилис објави нови фотографии со актерот
Следна Статија Уште едно македонско семејство е евакуирано од Тел Авив: Мајка со три деца слета безбедно во Атина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Томица Главчев е новиот претседател на КФМ

Македонската кошарка доби нов претседател во името на македонскиот бизнисмен Томица Главчев кој едногласно беше изгласан од клубовите на Вонредното…

April 30, 2025
СПОРТ

Миовски ќе остане без титула со Глазгов

Фудбалерите на Хартс направија уште еден голем чекор кон освојување на титулата во шкотското првенство, прва од 1980 година, откако…

May 4, 2026
СПОРТ

Александар Пантоха со изјава по шокантната повреда што го заврши неговото владеење со титулата

Александар Пантоха го загуби летечкиот појас поради сериозна повреда во борбата против Џошуа Ван

December 8, 2025
СПОРТ

Ел Менчо“ ќе ги одложи баражите за СП

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) размислува за одложување на интерконтиненталните плејоф натпревари за Светското првенство во 2026 година закажани во Мексико…

February 24, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?