Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Стојаноски: Со чесна и напорна работа успеавме да станеме една од водечките економии во Европа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Стојаноски: Со чесна и напорна работа успеавме да станеме една од водечките економии во Европа
ПОЛИТИКА

Стојаноски: Со чесна и напорна работа успеавме да станеме една од водечките економии во Европа

Објавено June 25, 2025 23:23
Сподели
Сподели

На денешната трибина на тема „Економски раст и дигитална трансформација“ која се одржа во Прилеп, се обрати и членот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, кој зборуваше за посветеноста на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, за темелите на промените кои се поставуваат, како и дека граѓаните заслужуваат да имаат лица коишто ќе се грижат за нив, а воедно ги истакна и четирите реформски закони кои ќе го постават темелот на модерната дигитализација, оперативниот план на млади лица, притоа потенцирајќи дека со напорна работа се гради успешна приказна.

„Пред неколку дена имавме отчет пред владата каде што премиерот имаше говор и на ваков транспарентен и отчетен начин ќе продолжиме да разговараме со јавноста. Со чесна и напорна работа успеавме да станеме и тоа е факт една од водечките економии во Европа по раст на БДП во првиот квартал, тоа е факт којшто е неизбришлив. Понатаму исто така кажавме за платите за пензиите кажавме за планот за раст за странските директни инвестиции и сето тоа коешто се нарекува успешна приказна. Од аспект на Собранието ќе кажам неколку работи, бидејќи сега од 2 јули пред нас ќе разговараме за ребаланс на буџетот и тоа ќе биде една приказна со којашто ќе ги најавиме наредните шест месеци и што може граѓаните да очекуваат“, рече Стојаноски.

Стојаноски стави фокус и на тоа колку успешни проекти се реализирани, од кои го потенцираше проектот за ваучери за студентите и истакна дека така се гради достоинствена и горда држава.

„Ќе кажам неколку работи кои граѓаните треба да ги знаат, токму Гордана успеала да обезбеди 307 милиони денари повеќе за набавка на нови 120 автобуси, меѓу кои еден од тие којшто ќе ги добие е градот Прилеп. За еден којшто ми е многу драг проект успеала да обезбеди средства за да секој студент којшто ќе се запише од септември да добие по 250 евра ваучер, а тоа се 55 илјади студенти. Ова се средства кои се од граѓаните за граѓаните, на овој начин сметаме дека треба да ги поставиме темелите за една поубава и по достоинствена Македонија и горда држава во која сите ние ќе сакаме да живееме“, вели Стојаноски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трагедија: Тинејџер од Македонија се удави во Грција
Следна Статија Мицкоски од Прилеп најави две нови економски мерки

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Манасиевски: СДС си го плаќал идеологот Фрчкоски, со 200 илјади евра преку Еразмус +, уште ли одработува заради тоа?

СДС си го плаќал идеологот Фрчкоски, со 200 илјади евра преку Еразмус +, уште ли одработува за овие пари? Праша…

August 16, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ: Владините мерки за замрзнување на маржите не дадоа никаков ефект

Владините мерки за замрзнување на маржите во октомври не дадоа никаков ефект бидејќи цените на мало за овој месец се…

November 10, 2024
ПОЛИТИКА

Лефков: СДС, Филипче и Заев се истурени играчи на руската политика во Македонија

СДС, Филипче и Заев се истурени играчи на руската политика во Македонија. Доказ за тоа е скандалот со доделувањето на…

March 2, 2026
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Имаме две понуди, со едната одиме назад, со другата се одбира вистинскиот избор, повикувам на масовна излезност

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во Тема на денот, на ТВ Сител, ги повика граѓаните на масовна…

October 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?