Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Шварценегер откри кој филм му донел најмногу пари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Шварценегер откри кој филм му донел најмногу пари
ЗАБАВА

Шварценегер откри кој филм му донел најмногу пари

Објавено June 26, 2025 10:22
Сподели
Сподели

Австриско-американскиот глумец Арнолд Шварценегер е можеби најпознат како „Терминатор“, но ниеден филм од тој серијал филмови, вели, не му го донел најголемиот исплатен хонорар, т.е. заработка.

Имено, во своето последно интервју од понеделникот – 23 јуни, скоро 78-годишниот актер откри дека филмот „Близнаци“ (1988) бил финансиски најуспешен за него.

– Отидовме „до таванот“ со тој филм!, нагласи Шварценегер.

Тој веднаш потоа појасни дека за тој филм не добил плата однапред, туку договорил заработка по процент. Значи, некогашниот бодибилдер ги добива парите откако снимањето и продукцијата завршиле, а филмот почнал да се прикажува ширум цел свет.

Во „Близнаци“, Шварценегер и Дени Девито глумат генетски манипулирани близнаци кои се разделени при раѓање и подоцна повторно се среќаваат.

– Продолжението требаше да се вика ‘Тројки’, но не беше направено, бидејќи режисерот – Иван Рајтман почина непосредно пред да почнеме со снимањето на филмот, додаде Шварценегер.

Прашан, кој од филмовите „Терминатор“ би го оценил како „најмалку омилен“, глумецот одговори:

– Би рекол дека најлошиот е, веројатно – број четири, бидејќи тој (филм) е направен во времето кога бев гувернер, па не бев дел од него… Како правиш филм „Терминатор“ без јас да бидам во филмот како Терминатор? Нема никаква смисла.

„Терминатор 4: Спасение“ од 2009 година, со Кристијан Бејл во главната улога, е единствениот филм во серијалот од шест дела, каде што Шварценегер нема своја улога.

Инаку, „Терминатор 2: Судниот ден“ (1991) досега има вкупна заработка од околу 520 милиони долари. А пак, „Близнаци“, според „Бокс офис моџо“, досега има заработка од над 216 милиони долари.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Првиот пик на драфтот Далас го искористи за Купер Флег
Следна Статија Азески: Гаранцијата од Обединетото Кралство значи многу за македонската политичка и економска стабилност

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Гренланд – земја со 150 километри патишта, три семафори и најчист воздух во светот

Гренланд е уживање за геолозите и климатолозите, но и за сите љубители на разни видови патувања, на кои студот не…

January 15, 2025
ЗАБАВА

Пет нови тужби поднесени против Диди, а една жртва вели дека имала само 13 години

Поднесени се уште пет обвиненија против Шон Диди Комбс. Адвокатот Тони Базби поднесе нови тужби во кои тужителите, кои останаа…

October 22, 2024
ЗАБАВА

Протекоа правилата за приватниот авион на Маск, персоналот не смее да го прашува едно нешто

Строгите правила на Илон Маск во врска со неговиот приватен авион протекоа во јавноста. 53-годишниот милијардер, кој работи во администрацијата…

April 16, 2025
ЗАБАВА

Сцена како од филмот „Кум“: На сицилијански бизнисмен му оставиле коњска глава во дворот

Главата на животното била оставена на седиштето на багер во сопственост на бизнисмен, градежен изведувач во Алтофонте, во близина на…

November 23, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?